Македонија
(Видео) Лиле Стефанова: Кажав сè што знаев за случајот ,,Рекет”
Обвинителката Лиле Стефанова по распитот во Обвинителството за организиран криминал и корупција, кој траеше пет часа, рече дека кажала сè што знаела. Таа рече дека пред надлежен обвинител објаснила за предметот ,,Империја” и поврзаноста на предметот со случајот ,,Рекет”, во кој беше уапсен Бојан Јовановски, познат како Боки 13.
„Сосема сум свесна за огромниот интерес на јавноста и сите допирни точки на случајот ‘Рекет’ со ‘Империја’. Сè што може да кажам, го споделив во даденото соопштение во петокот. Дојдов овде во 9 часот како сведок. Сè што ми е познато за случајов, кажав. Имајќи предвид дека сум сведок, не можам да дадам друга изјава”, изјави Стефанова по распитот за случајот „Рекет”.
Стефанова не одговараше на прашања и по изјавата замина. На заминување рече дека сопственикот на градежната компанија „Адора“, Ванчо Чифлиганец, не ја демантирал со неговата изјава. Чифлиганец, кој беше споменат од страна на Орце Камчев во објавените разговори за случајот „Рекет“, ги демантираше наводите дека барал од бизнисменот дуќан за стоматолошка ординација за обвинителката Лиле Стефанова.
Пет часа траеше распитот на Стефанова, кој го водеше обвинителката за организиран криминал Ивана Трајчева, која ја менува Вилма Русковска.
Стефанова и специјалната обвинителка Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет-изданието на италијанскиот весник „Ла верита”, а во врска со случаите „Рекет” и „Империја”.
Лиле Стефанова е обвинителката за предметот „Империја“, каде што осомничени се Орце Камчев и Цветан Панделески. Во една од снимките што се објавени од италијанскиот весник „Ла верита”, поврзани со случајот „Рекет”, шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева, вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, обраќајќи му се на бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во предметот „Империја”, кој го води Стефанова.
Обвинителката Стефанова преку писмена изјава во изминатите денови рече дека Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја”, потсетувајќи дека барањето за издавање времен пасош било одобрено без таа да дaде согласност. Дополнително, обвинителката Јанева на состанок со обвинителите побарала предметот да се затвори и никој да не оди во затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан
Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во неколкудневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
Во рамки на конференцијата, Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со европски лидери, високи претставници како и челни луѓе на меѓународните безбедносни организации.
Во фокусот на разговорите ќе бидат геополитичката стабилност на регионот, нагласувајќи ја улогата на Македонија како столб на стабилноста во Западен Балкан и активен придонесувач во НАТО алијансата.
Исто така премиерот Мицкоски на средбите и состаноците ќе ја реафирмира позицијата на државата за неопходноста од предвидлив и фер пат кон полноправно членство во ЕУ, без наметнати билатерални пречки.
На маргините на конференцијата, предвидени се средби со високи претставници на Европската Унија како и со шефови на влади и држави.
Македонија
Филипче да каже зошто со Заев дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и кој и колку профитирал, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Филипче жестоко се обидува да го одбрани својот ментор Заев и поврзаноста на луѓето блиски до СДС во последниот скандал со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и кланот Заеви, Македонија ја претворија во Балкански „нарко-центар“, каде наместо медицинска се произведувала марихуана за црниот пазар. Запленетите 40 тони марихуана, директно водат до фирми блиски до Заев и Филипче.
Венко Филипче е без кредибилитет. Нема афера и скандал, а тој и Заев да не се вплеткани. Филипче и Заев се синоним за криминал, корупција, импровизации, нетранспарентни одлуки и контроверзи. Филипче е човекот кој го уништи здравствениот систем во државата“.
Македонија во време на владеењето на СДС, додаваат од владејачката партија, Зоран Заев и Венко Филипче, наместо строго контролирано производство на канабис за медицински цели, беше претворена во балкански нарко центар за шверц на марихуана на црниот пазар.
Според нив, факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 година, додека Филипче беше министер за здравство.
„Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа, денес се тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери“.
Прашуваат, зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија?
„Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале?
Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Одговорност мора да има“.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

