Македонија
Манчевски до Стаменковска: Короната не избира дали луѓето работат во јавната администрација или приватно
Коронавирусот не ги избира луѓето по тоа дали работат во јавната администрација или се во приватен сектор, реагира министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во однос на фејсбук-статусот на дополнителната заменичка Невенка Стаменковска-Стојковски, која претходно денеска рече дека заразени има во институциите, а јавниот сектор е оставен сам на себе.
„Очигледно, дополнителната заменик-министерка Невенка Стаменковска-Стојковски продолжува да го користи вирусот за политички цели и да набројува институции со цел ширење паника и надеж за добивање политички поени. Кога веќе споменува во кои институции работат некои од позитивните случаи, се прашувам зошто заборава да го спомене МВР. И таму во повеќе наврати некои од вработените беа тестирани и беа позитивни, помеѓу кои и советникот на техничкиот министер. Или оваа информација не им оди во прилог во матрицата на поделби што сакаат да ја наметнат во јавниот сектор“, вели Манчевски.
Тој апелира да се остави пандемијата предизвикана од коронавирусот надвор од политичките пресметки.
„Поделбите, лажните вести и ширењето паника е само на наша штета. Никој нема да добие ништо од тоа. Нашата борба е со Ковид-19 и само со почитување на мерките можеме да ги намалиме бројките на позитивни независно во која институција работат“, вели Манчевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

