Македонија
Маричиќ: Со фокусот на ЕУ и со силната поддршка на земјите членки продолжуваме по европскиот пат и зацртаната цел – Македонија во ЕУ до 2030
Заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, одржа завршна прес-конференција за 2023 година. На конференцијата вицепремиерот направи рекапитулација на најважните теми според динамиката за 2023 и го истакна успешното реализирање на скрининг-процесот.
Маричиќ ја истакна својата благодарност до вклучените институции, кои беа дел од најважниот процес за евроинтеграција на државата, почетокот за преговорите за членство.
Вицепремиерот ја назначи подготвеноста за следната фаза од преговорите за која неопходно е завршување на обврските од преговарачката рамка за пристапување на Северна Македонија во членство во Европската Унија, усвоена на 19 јули 2022 година.
„Покрај двата патоказа (патоказ за владеење на правото и патоказот за реформа на јавната администрација) и акцискиот план за унапредување на правата на заедниците помали од 20 % од населението во Република Северна Македонија, кои веќе се испратени до Европската Унија, ни останува и завршувањето уште една клучна обврска, а тоа се уставните измени. Целосна наша, домашна одговорност. На секој од нас и особено на секој пратеник“.
„Во согласност со новата методологија и преговарачката рамка, Северна Македонија имаше обврска да подготви три патокази, кои треба да ја рефлектираат политичката заложба за спроведување на клучните стратешки реформи преку дефинирање краткорочни и долгорочни цели, кои ќе кореспондираат со рокот 2030 година“.
Со подготовката и испраќањето на патоказите, Маричиќ истакна дека предвидените мерки предвидени во патоказите имаат цел деполитизирана, ефикасна, ефективна и одговорна јавна администрација, која обезбедува висококвалитетни политики и лесно достапни услуги за граѓаните и деловните субјекти, кои се засноваат на европските принципи, и вреднува и придонесува за одржлив економски раст, владеење на правото, унапредување на судската власт, пред сè, преку зајакнувањето на независноста на правосудниот и обвинителскиот систем, борба против организираниот криминал и корупција, социјална кохезија и благосостојба.
За крај, Маричиќ истакна дека уставните измени со ништо нема да му наштетат на нашето мултикултурно македонско општество, а со кои во исто време ќе се добие пристап кон нови европски фондови и кон отворање на поглавјата, кои ќе ни донесат реформи по европски стандарди.
„Да ја преземеме одговорноста, да се покажеме достојни на предизвикот за да го направиме новиот чекор за поблиску до евроинтеграцијата. Да постигнеме политички консензус за ова прашање, не заради партиските придобивки, туку заради заедничката иднина – заедно во државата до целта за да бидеме заедно и еднакви со другите во Европската Унија.
Уставните измени се влог за нашата иднина, без да изгубиме ништо. Напротив, ја прави европската перспектива на земјата реална и остварлива.
Целта е да не го пропуштиме моментот на позитивната политичката атмосфера и заложбата на земјите членки за проширување на Европската Унија и да поентираме во наша полза.
„Нашата мотивација да остане во фокусот на Европската Унија и со силната поддршка на земјите членки да продолжиме по европскиот пат и зацртаната цел – Северна Македонија во ЕУ до 2030“.
Да бидеме дел од семејството на европското заедништво, солидарноста и економскиот напредок. Да ги искористиме достапните и понудени фондови на Европската Унија за реформи според европски стандарди. Исправени сме пред шанса што мораме да ја искористиме без дилема. Без грижи и без страв, туку со уверување дека и тоа ќе придонесе за просперитет на државата и граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Села: Не е во ред тоа што се потенцира ДУИ, коалицијата е Европски фронт, од 9 партии
Зијадин Села од Алијанса за Албанците во интервју за Трилинг по изборите и изборните резултати и случувања, вели дека се работи за изборен инжинеринг и закрупнување на неколку политички сили. Според Села, не е во ред тоа што се потенцира ДУИ, коалицијата е Европски фронт, од 9 партии.
„Тука се најглавните албански партии. А дали сме подготвени за во опозиција, по демократските правила, тоа не го кажувааат политичките чинители, тоа го кажува народот, кој гласаше на 8 мај за Европскиот фронт да презема одговорности и да биде дел од власта“, вели Села.
Тој смета дека „погрешна е дефиницијата за коалицирање победник со победник, треба да е мандатар со победник. Победникот од македонската страна е дефиниран со Устав. Демографската реалност е за да има стабилност и да одиме напред, треба да се испочитува волјата на втората етничка заедница која е 30%, наспроти 54% кои се Македонците, според последниот попис“.
Додава дека Владата треба „да се изјасни во врска со обидот за изборен инженеринг. Според Пржинскиот договор, на техничкиот премиер е да обезбеди фер и демократски избори. Тие не се надвор од одлуките кои се носат во ДИК и Управен суд. Техничката влада е договор на најголемите политички партии“.
За тоа како Европскиот фронт ќе се однесува како опозиција во Собранието, Села вели „треба да се почитува желбата на граѓаните, не на Мицкоски. Ние ќе се однесуваме сразмерно на тоа како ќе биде решено. Не сакам да коментирам желби. Од ДИК се уште не се објавени мандатите, кој колку има. Се уште Мицкоски не е мандатар“.
Македонија
Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.