Контакт

Македонија

МВР со предупредување: „Не наседнувајте на лажни електронски судски покани во име на директорот на БЈБ“

Објавено пред

Деновиве, во МВР пристигнаа пријави од граѓани за добиена електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, во која во вид на наводна покана за суд примачот на пораката се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела, кои ги нема сторено, како детска порнографија, педофилија, егзибиционизам… Притоа примачот на пораката се повикува да се регистрира преку имејл и да ги даде своите лични податоци.

dobivaj vesti na viber

МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака, која не е испратена од страна на МВР, односно од БЈБ. Овие електронски пораки се класичен обид за измама, во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Судските покани не се испраќаат преку имејл, а и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, видливо е дека станува збор за измама.

„Затоа, апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци што ги бараат измамниците. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки што се испратени во прилог на електронска порака, која доаѓа од непознат испраќач со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Воедно, информираме дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот“, велат од МВР.

Македонија

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

Објавено пред

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се продал на нашиот политички противник и мора да пишува писма за да го оправда своето шурување и своето коалицирање со нашиот политички противник. Овде се работи за прашање на иднината на државата и со неа нема тргување. Фокусирани сме да постигнеме најдобриот резултат на престојните избори на 8-ми мај и повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили за да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Ковачевски нагласи дека ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

„СДСМ е најголемата и единствената автентична социјал-демократска партија во Македонија. За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек – партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени. Нас не водат социјал-демократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности“, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека СДСМ е модерна, прогресивна партија и единствена политичка сила која може да ја однесе Македонија во Европската Унија.

„Ние не се откажуваме од Македонија во ЕУ! Верувајте, тоа не е цел сама за себе! Не се откажуваме од ЕУ затоа што знаеме дека тоа ќе обезбеди повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Аеродром.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Објавено пред

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери и набавки, додека тие се обидуваат со лаги и празни зборови да ве плашат дека ние сме биле против Европската Унија, а тие за Европската Унија, и дека живеете најубаво во Југоисточна Европа, Македонија сѐ повеќе тоне, а тие беозбразно се богатат“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Радовиш и додаде:

dobivaj vesti na viber

„Секогаш кога ќе ја кажеме вистината за ДУИ, дека тие грубо ја злоуотребуваат судбината пред се на Албанците, и нивната мака, за да се богатат и крадат, кажувањето на таа вистина од ДУИ ја толкуваат како напад врз албанците. Тоа во суштина е заштитниот чадор со кој тие сакаат лажно да се престават за некакви борци за каузата на Албанците додека истите ги оставаат во сиромаштија, без патишта, без работа, без вода за пиење, без канализација, без основни услови за живот“.

Мицкоски упати порака до Бујар дека слоганот не е шовинистички, туку слоганот Македонија повторно твоја означува дека Македонија ќе ја вратиме на народот, истиот тој кој власта безимислосно го краде и осиромашува.

„Па така Бујар Османи ќе обвини дека слоганот Македонија повторно твоја бил шовинистички слоган. Тоа може само да го каже неук човек кој е вистинси шовинист и кој Македонија не ја чуствува за своја татковина, затоа што јас кога ќе кажам Македонија мислам на сите граѓани кои живеат во нејзе. На Македонците, но и на Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњацитеи сите останати. Кога Бујар Османи ќе каже Македонија тој не ја чуствува за своја татковина иако бил министер во сите можни влади на Македонија. Иако црпи пари и плати од државата која не ја признава за своја татковина. Е тоа е шовинизам на дело. Да ги признаваш парите што ги земаш, но и државата која те плаќа. И лицемиерието е поголемо што токму Бујар е министер за надворешни работи и од него се очекува да ги брани интересите на Македонија пред светот. Македонија е и твоја држава, сакал или несакал да признаеш. Мојата борба е Македонија да ја вратиме на народот, истиот тој кој безимислосно го крадете и осиромашувате“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски истакна дека времето на Артан и Бујар помина а доаѓа ново време кога Македонија се враќа во рацете на народот.

„Времето на Артан и Бујар престанува. Доаѓа ново време кога Македонија се враќа на народот. Ковачевски треба да престане да ја бара вината во сите други само не во себе. Доцна се сети дека ДУИ ќе биде јамката околу него која ќе му ја заврши и неговата кариера. Но си ја продаде душата за грст привилегии и тендери. Е сега го плаќа цехот. Ако нешто не му е јасно нека ја види разликата од над 180 илјади гласови. Тоа е кога народот на Македонија некому му вели доста е“, нагласи Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Филипче е човекот кој го уништи здравството, ќе биде запишан на најцрните страници“, рече Николоски од Радовиш

Објавено пред

На 8 мај треба да имаме масовна референдумска излезност, сите да излезат за убедливо да победиме во изборна единица 4, да не се доведеме во ситуација основни здравствени услуги да не може да добиеме ни во Радовиш ни во Струмица. Да не се доведеме во ситуација да барате пријатели, врски за она што следува, за основна здравствена заштита, треба да се стави точка на таа работа, системот мора да функционира, а имаме луѓе кои може да го средат системот, професионалците да добијат шанса, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во изборна единица 4, Александар Николоски на митингот во Радовиш.

dobivaj vesti na viber

Николоски истакна дека како и за многу области има луѓе кои си ја работат професијата и луѓе кои ја злоупотребуваат и наша цел е да ги поканиме професионалците да ни помогнат заеднички да ја реализираме Платформа 1198 за заеднички да ги поправаме работите.

„Вечерва со нас е мојот пријател докторот професорот Виктор Камнар, би сакал да му се заблагодарам на поддршката, тој е најдобриот ортопед во целиот регион, кој направи прва трансплантација на коска во регионот, кој си ја сака професијата, медицината, врвен професионалец и кој сака да се подобрува здравството. Тоа се професионалци луѓе кои не ги интересираат провизии, мито, туку гледаат да помогнат на пациентите и не ги злоупотребуваат пациентите, не се сликаат со своите пациенти туку им помагаат, не ја злоупотребуваат својата професија и гледаат да не збогатат преку ноќ со крадење, туку да му помогнат на народот. Со вакви луѓе ќе го поправаме здравството“, изјави Николоски.

Тој нагласи дека од друга страна е неговиот против кандидат, човекот кој го уништи здравството, кој ќе остане запишан на најцрните страници на македонското здравство, влече десетици афери позади себе, дали е тоа случајот со приватизација на стерилизацијата, дали е тоа провизијата за вакцини кои не стигнаа, дали е тоа сомнителната набавка на апарати или неговата улога во случајот Онкологија каде што терапија не беше давана на болни од канцер на кои им беше најпотребна.

Николоски се осврна и на проектите за Радовиш и регионот.

„Во Радовиш планираме да се заврши изградбата на експресен пат од Радовиш до Струмица, кој треба да продолжува до Ново село и границата, односно од граница со Бугарија до Штип да има експресен пат кој би се врзувал со автопатот и целиот исток подобро да функционира. Тука е реконструкција и пренамена на оваа стоковна куќа во едукативен и забавен културен центар со содржини од јавни дејности и сум убеден дека градоначалникот ќе го направи на најдобар можен начин. Планираме уредување на речното корито на Радовишка река, уредување на населени места, спортско рекреативен центар и бројни други проекти кои треба да го подобрат животот во Радовиш“, рече Николоски.

Тој истакна дека нема да биде заборавени и земјоделието.

„Тутунот е основен извор на егзистенција и планираме да го донесеме законот за забрана на увоз на тутун за целиот македонски тутун да се откупува по пристојни цени. СДСМ не го гласа затоа што главен увозник е братот на министерот за земјоделие. Потребна е масовна референдумска излезност, секој еден да излезе на гласање, потребна е масовна поддршка, ВМРО-ДПМНЕ е единствената сила која може да ја направи промената“, нагласи Николоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија26 минути

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...

Македонија1 час

Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток можен рок, кажа Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека добил информација од Секторот за меѓународна полициска соработка дека е одобрена екстрадицијата...

Македонија4 часа

Постапката за екстрадиција на Палчо ќе биде спроведена преку МВР, на осомничениот веќе му е определен притвор

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се...

Македонија4 часа

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо

Министерството за правда преку писмено соопштение информираше дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Претходно...

Македонија7 часа

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено, Владата ја формира мнозинството во парламентот

Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите...

Македонија8 часа

„Ќе ги разгледаме ставовите на маса“ – Меџити и Мицкоски се’ уште не разговарале за уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на Демократското движење и носител на листата за пратеници во првата изборна единица...

Македонија8 часа

Талат Џафери, директорите и УО на Фондот за здравство да си го загреат столчето, платите да се усогласат или генерален штрајк од 1 јуни, најави Синдикатот

Од 1 јуни повторно постои можност вработените во Фондот за здравствено осигурување во целата земја да престанат со работа, како...

Македонија9 часа

Бидете сигурни дека нема да се формира Влада без нашите пратеници, велат од Европскиот фронт на ДУИ

Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција смета дека треба да важи правилото „победник со победник“ кога станува збор...

Регион10 часа

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“ – жена од Србија сведочи за силниот земјотрес

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената Мила Петровиќ од Кладово – место кое утрово го погоди силен...

Свет11 часа

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл...

Македонија12 часа

Метеоролозите најавуваат промена на времето за 1 Мај и во следните денови

Од утре, 1 Мај, до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во четврток и...

Македонија12 часа

Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција

„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на...

Економија1 ден

Финансии побара до крајот на денов да се стави во мирување поскапувањето на осигурувањето на автомобилите при регистрација

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со...

Македонија1 ден

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција е само ВЛЕН за новата влада

Не може да правиш разлика со гласови од Роми, Турци и Бошњаци, а после да се повикуваш на албанска опција,...

Економија1 ден

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

Османи: Најголемо понижување е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

ДУИ смета дека е понижувачки што партиите договараат коалиции пред одржувањето на парламентарните избори. Министерот Бујар Османи, во својство на...

Европа2 дена

(Видео) Голем проевропски протест во Грузија

Илјадници луѓе излегоа синоќа во Тбилиси на протест против законот за транспарентност на странското влијание, кој ја загрозува прозападната политика...

Свет2 дена

Најмалку 13 лица загинаа во израелски воздушни напади во јужниот дел на Газа

Во израелски воздушни напади врз три куќи во градот Рафах, на југот на Газа, загинаа најмалку 13 лица, а многумина...

Свет2 дена

(Видео) Десетици торнада ја опустошија Оклахома, четворица загинати, прогласена е вонредна катастрофа

Најмалку четири лица, вклучително и едно дете, загинаа, а голем број беа повредени во Оклахома овој викенд, откако десетици торнада...