Контакт

Бегството на Груевски

(Видео) Мета: Денеска е ден за славење, за бегството на Груевски веќе одговоривме

Објавено пред

Денеска е ден за славење, за бегството на Никола Груевски веќе одговорија нашите власти, е одговорот на албанскиот претседател Илир Мета на прашање дали е замешана власта во Албанија откако тамошната полиција излезе со соопштение дека Груевски со дипломатско возило на унгарската амбасада ја напуштил државата кога претходно влегол илегално.

dobivaj vesti na viber

„Денеска, тука во Скопје, имаме голем празник и имаме една позитивна тема. Мислам дека за таа работа албанските институции веќе одговорија, но и јас одговорив“, рече Мета.

Тој претходно во интервју за албански медиум рече дека минувањето на Груевски низ Албанија е прашање што треба да им се постави на соодветните одговорни органи додавајќи дека на некој начин заминувањето на Груевски од Македонија е признавање вина од негова страна. Некои од медиумите во Албанија објавија дека и Мета е вмешан во бегството на поранешниот премиер.

Мета е во посета на Скопје на одбележувањето на Денот на албанската азбука и 550 години од постоењето на Скендербег.

 

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

dobivaj vesti na viber

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

dobivaj vesti na viber

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...

Македонија12 часа

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија12 часа

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија14 часа

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија16 часа

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија17 часа

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија19 часа

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија19 часа

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа20 часа

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион20 часа

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет20 часа

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет21 час

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија22 часа

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет22 часа

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...

Македонија1 ден

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование....

Македонија1 ден

Гоце Наумовски стана нов уставен судија

Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по...

Македонија2 дена

Владата нема да купува нов авион: ќе се повлечеме од набавката и ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Владата се откажа од набавка на нов авион на што се одлучи оти стариот е дотрајан и претставува голем трошок...

Македонија2 дена

(Видео) За Мицкоски контролата на цените не е популизам, туку заштита на граѓаните, најави праведност и кон оние што се обидуваат да профитираат од кризите и кон оние што избегнуваат обврски

Денешната конференција за формализирање на неформалната економија не е само експертска расправа. Таа е разговор за праведност во општеството. За...

Македонија2 дена

(Фото) Изгореа викендица и куќа, се запали оџак: три интервенции на струмичките пожарникари

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена...

Македонија2 дена

„Парите за боледувања доцнат – дали Клековски манипулира дека се редовни или фондот е празен“, прашува Левица

„Изминатиот период сѐ повеќе граѓани нѐ информираат дека одреден период Фондот за здравствено осигурување не врши навремена исплата на средства...