Македонија
Меџити: Само заеднички можеме да постигнеме успех во справувањето со антимикробната резистенција
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, на стручниот настан посветен на антимикробната резистенција потенцира дека само заеднички може да се постигне успех во справувањето со антимикробната резистенција – прифаќање алатка за СЗО за европскиот регион – тоа е патоказот за антимикробна резистенција.
„Ми претставува чест да ве поздравам на овој стручен настан посветен на антимикробната резистенција како глобален предизвик со кој се соочуваат и најразвиените здравствени системи. Разноликоста на присутните на денешниот собир најдобро ја отсликува реалната заложба за пристап на ‘едно здравје’ бидејќи само така можеме да постигнеме успех во справувањето со антимикробната резистенција“, рече Меџити и додаде:
„За важноста на овој предизвик, посочи и претседателот на СЗО, Тедрос Гебрејсус,во своето излагање по повод одбележувањето на неделата на свесност за употреба на антимикробните средства истакнувајќи дека нерационалната употреба на антимикробните средства ќе нè врати во предантибиотската ера. Кон крајот на минатата година во Астана, Казахстан, потпишавме прифаќање алатка за СЗО за европскиот регион – тоа е патоказот за антимикробна резистенција. Верувам дека заедно со колегите од нашата држава ќе изнајдете најдобар пат да нè водите кон што поуспешна борба во справување со антимикробната резистенција преку изготвување национална стратегија за 2023 – 2030“, изјави Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нов живот, нова надеж, малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави Ѓорѓиевски
Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по посетата на мајката и го поздрави доаѓањето на новиот живот како симбол на надеж и радост.
„Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град.
Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината.
Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности.
Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува, да напредува и да верува.
Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост“.
Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество, напиша Ѓорѓиевски.
„Тоа е нашата должност и наша најголема одговорност.
Искрени честитки до мајката Емилија.
Посакувам здравје, среќа и многу успеси.
Добредојде, Евгенија. Ти си најубавиот почеток на новата година“.
Македонија
Денеска сончево и студено, од сабота облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките населени места
Времето во текот на денот, претежно сончево и студено, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно ојужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.

