Македонија
Министрите избегаа од дебатата за породилно отсуство на земјоделките, велат од Левицата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/гг-1-2.jpg)
Минатата недела беше одржана јавна расправа по предлог-законот за платено породилно отсуство за жените земјоделки, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов, чија цел е да се отстрани неправедната дискриминација кон жените земјоделки, велат од Левицата.
„Не само што Владата на СДС и ДУИ 10 месеци го чува овој закон во фиока – туку и министерот за здравство, Меџити, министерката за труд и социјала, Тренчевска, и министерот за земјоделство, Николовски, крајно дрско и арогантно избегаа од дебата! Пратеникот Крмов во своето обраќање истакна дека Левицата уште во април минатата година го поднесе предлог-законот за платено породилно отсуство за жените земјоделки, со кој се овозможува користењето на правото на надоместок поради бременост, раѓање и мајчинство на жените земјоделки“, додаваат од таму.
Како што велат, тој ги посочил и забелешките во извештајот на Европската комисија кои го истакнуваат токму истото она за што Левицата се заложува со предлог-законот.
„Тие ја критикуваат власта, дека жените кои се регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од системот на здравствено осигурување и немаат право на надомест во случај на некоја болест, повреда на работното место, породилно отсуство, мајчинство итн. Во опширната јавна дискусија, апсолутна поддршка на предлог-законот дадоа сите присутни претставници од граѓанските мрежи и организации со свои аргументи, а истиот наиде на целосна поддршка и од останатите пратеници кои беа присутни на седницата. Јасно е дека хибридниот режим на СДС и ДУИ нема слух за барањата на земјоделките и свесно го одолговлекуваат носењето на овој предлог-закон, со кој треба да се стави крај на една системска неправда“, завршуваат од Левицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Сончево и топло со температури до 35 степени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/sonce.jpg)
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во првите два дена од следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура
Македонија
Без вода дел од општина Карпош
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/voda-1.jpeg)
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека во недела, на ден 16.06.2024 година, поради дефект на огрлица од ф – 80 мм на ул. Љубица Георгиева бр.3, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ул. Љубица Георгиева. ( општина Карпош )
-поради три улични дефекти од ф – 80 мм ул. Девол – крак 2 и Девол – крак 11, како и ул. 1010 б.б, во периодот од 10.00 часот па се до отстранување на дефектите без вода ќе останат корисниците од ул. Девол, Девол – краци – 2 и 11, ул. 1010, како и дел од корисниците одул. Жданец. ( општина Карпош )
Македонија
Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/murtezani.jpg)
Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование, а Сафије Садики Шаини за заменик министерка за односи меѓу заедниците, информира Алтернатива.
Муртезани е поранешен генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.
На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер за образование и наука, при што исто така едногласно било одлучено да биде проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.
„Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и потпретседателка на Алтернатива“, стои во соопштението.
На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
„Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да има претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива“, соопштија од партијата.