Македонија
МОН се обидува да го укине студентскиот субвенциониран оброк, велат од „Студентски отпор“
Од „Студентски отпор“ младинско движење на студентите од Македонија, велат дека МОН се обидува да го укине студентскиот субвенциониран оброк. Тие сметаат дека согласно инфлацијата 140 денари дневно е мала сума за еден квалитетен оброк. Како што додаваат нефункционалноста, нерационалноста, неодговорноста и негрижата за студентите очигледно преминале во пракса.
„Како движење Студентски Отпор кое е секогаш на страната на студентите не се согласуваме со новиот начин на исплата на субвенционираниот студентски оброк поради неколку причини:На еден месец пред почетокот на академската година, се уште не е утврдено на кој начин, на кои места и во кое време ќе може да се користат средствата? Како што и претходно баравме, така и овој пат, сметаме дека согласно инфлацијата 140 денари дневно е мала сума за еден квалитетен оброк. Според предвиденото оброкот ќе може да го користиме само со картичка, а голем дел од угостителските објекти кои се наоѓаат во близина на кампусот на УКИМ не поседуваат терминали за плаќање со картички. Водени од искуството од претходните години каде што МОН доцнеа на месечно ниво со исплата на средствата, имаме сомнежи дека сега ќе успеат на дневно ниво да ги испраќаат средствата, велат од „Студентски отпор“.
Нивното барање е средствата да се испраќаат на неделно или месечно ниво.
„Не се согласуваме со одлуката средствата да не можат да се искористат следниот ден ако не се искористени истиот ден кога се префрлени. Кога веќе се одвојуваат средства зошто тие да се враќаат назад? Нефункционалноста, нерационалноста, неодговорноста и негрижата за студентите очигледно преминаа во пракса и навика од страна на Министерството за Образование и Наука“, додаваат оттаму.
Како што истакнуваат, „Студентски Отпор“ се залага за подобар студентски стандард и будно ќе ја следи ситуацијата во периодот кој следи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

