Македонија
Муцунски: Секогаш кога водат тајни преговори, тие се на штета на државата
Секогаш кога се воделе тајни преговори како дел од надворешната политика, тие биле на штета на државата, рече во изјава Тимчо Муцунски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром.
„Видовме таква изјава од министерот Османи и не само ние како политички субјект туку и како севкупна јавност очекуваме да добиеме одговор за што точно се преговара со нашиот сосед“, рече Муцунски одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Османи дека постои документ меѓу Македонија и Бугарија.
Според него, тоа треба да биде јавно презентирано, а рече и дека има институции, како што е Собранието, кое доколку има таков документ, на затворена или отворена седница на Комисијата за надворешна политика, тој може да биде презентиран.
„Се стремиме да одиме кон правец на најразвиените демократии, но не ги почитуваме принципите на најразвиените демократии. Да се разговара за национални интереси, мора да се воспоставува консензус. Не може потоа, кога ќе се постигнат некои договори за кои многу малку луѓе знаат во државата, да се очекува од опозицијата бланко да ги прифаќа. МНР и Владата на македонската јавност да ѝ објаснат точно за што се преговара и да најдат институционален начин преку кој на сите политички субјекти во државата ќе им биде објаснето кои чекори се преземаат и во која насока се водат преговорите“, потенцира Муцунски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

