Македонија
Муцунски: Состојбата со хигиената во Аеродром подобрена како резултат на новиот концепт за чистење
Како резултат на зачестените барања на граѓаните од минатите години, пред неколку месеци во Аеродром почна примената на новиот концепт за одржување на хигиената на јавните површини во општината. Преку успешно воспоставен модел и во постојана комуникација со жителите на Аеродром почнавме систематски да ги решаваме локалните проблеми поврзани со одржување на зеленилото и чистење на депониите и отпадот во целата општина, велат од Аеродром.
„Стремејќи се континуирано да обезбедиме услови за здрава животна средина и здрава околина, како предуслов за живот со здрави навики, Општина Аеродром изминатиот период ги стави на располагање сите свои капацитети. Чистотата на јавните површини е еден од најважните императиви во реализација на нашите тековни дневни обврски, а постигнувањето и одржувањето на оваа цел е можна само со поддршка од граѓаните и компаниите, но и комуналното претпријатие на градот“, напиша градоначалникот Муцунски на „Фејсбук“.
Следствено на ова, веќе може да констатираме дека состојбата во Аеродром е сериозно подобрена и поинаква, а овие активности со зголемен обем продолжуваат во текот на летото, особено за време на високите температури. Комуналните служби и механизацијата на Општината, со поддршка на приватниот економски оператор, тековно и навремено ги сервисираат потребите на аеродромци поврзани со одложување и чистење на сметот, а редовно се спроведува чистење и миење на јавните површини и отстранување на кабастиот отпад, се наведува во соопштението на Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кадровски промени на Водно, правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет
Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, пратник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.
Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски.
Генералниот секретар Ѓорги Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско работно искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, законодавната и институционалната рамка, процесите на јавни набавки, корпоративно советување, програмите за финансиска поддршка, државна помош, како и примена и хармонизација на легислативата на Европската Унија во овие области.
Претходно, Божинов својата кариера во областа на правото ја остварува на раководни административни позиции во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Македонија
Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е осомничена за продолжено кривично дело измама според член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Од април 2023, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, осомничената довела во заблуда три лица, на кои лажно им се претставила како началник во полициска станица Гази Баба и член на Комисија за доделување социјални станови.
На трите оштетени невработени лица им ветувала дека ќе им посредува да добијат социјални станови во Лисиче по цена пониска од реалната, наведувајќи ги да и исплатат по 12.000 евра за стан и 3.000 евра за посредување и изготвување документација.
Парите и ги давале во повеќе наврати, а при последната исплата на 12.500 евра, во близина на полициската станица, била затекната веднаш по предавањето на парите.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање живеалиште, обврска повремено да се јавува кај службено лице во судот и одземање на патната исправа.
Македонија
Отфрлени се тужбите на „Европскиот фронт“ од Уставниот суд, ќе има прегласување
До доцна во ноќта Уставниот суд расправаше по тужбите на одлуките на Државната изборна комисија – ДИК за неколку избирачки места поднесени од коалицијата „Европски фронт“. Од судот соопштија за шест одлуки според кои тужбите се отфрлени како неосновани, а тоа значи, согласно одлуките на ДИК, дека ќе има прегласување на конкретни избирачки места.
„Европскиот фронт“ имаше поднесено седум тужби на одлуките на ДИК, а Управниот суд беше ограничен со роковите за нивно решавање.
Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.
Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.