Македонија
Неловски: УМС не ги организира протестите на „За заедничка Македонија”
Претседателот на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Неловски, посочи дека на протестите на „За заедничка Македонија“ имало и членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ сведочејќи на рочиштето за организаторите на „27 април“.
Според Неловски, учеството на членови на тие и другите протести организирани во тој период е нормално, исто како што членови на СДСМ биле на протестите на шарената револуција.
„Во тој период додека бев претседател на Унијата на млади сили, имаше разни протести. Од нашата Унија имаше членови што присуствуваа на протестите не само на оние од ‘За заедничка Македонија’, нашата партија е демократска, тоа е нормлано. Ние сме демократска земја, можевме да видиме дека и на шарената револуција членови на СДСМ и јавни личности, така и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, маршираа на протестите на ‘За заедничка Македонија’“, рече Неловски.
Според него, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ немал донесено одлука да се организираат протести.
„Нема одлука од Извршниот комитет за организирање протести. Дека се разговарало за случувањата – да, за самите протести на ‘За заедничка Македонија’, но нема одлука за организирање. Не сум запознаен, односно ниту Јанакиески ниту Ристовски не ме контактирал, ниту разговарал со мене за протестите“, рече Неловски.
„Да сме разговарале за спорт и фудбал – да, а за да разговараме за ова, потребни се одлука на Извршниот комитет на Унијата на млади сили и записник“, одговори Неловски запрашан дали Унијата на млади сили добивала насоки поврзани со протестите од Јанакиески и Ристовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

