Македонија
Нови бомби објавени на „Фејсбук“

На социјалната мрежа „Фејсбук“ денеска се појавија нови телефонски разговори објавени од лице потпишано како Ел Чека. Објавувачот тврди дека комуникацијата е помеѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот висок функционер од партијата, Муса Џафери, а разговараат за Охридскиот рамковен договор.
Објавувачот вели дека е во комуникација со обвинетите за Диво Насеље и дека во договор со нив се објавуваат овие разговори.
Ова не е прв разговор што е објавен на „Фејсбук“. Во текот на оваа и изминатата недела беа објавени неколку разговори за кои јавноста не беше запознаена.
МВР вчера информира дека го лоцирале објавувачот и дека го известиле Јавното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.