Македонија
Нови 234 случаи на ковид, починале 17 луѓе
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Кавадарци – 19, Куманово, Прилеп и Неготино – по 6, Велес – 4, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција.
Регистриран e 1.491 оздравен пациент од: Скопје – 749, Тетово – 85, Битола – 73, Куманово – 69, Прилеп – 57, Струмица – 51, Кавадарци – 45, Велес – 42, Гостивар – 41, Охрид – 37, Гевгелија – 25, Кичево – 24, Радовиш – 21, Неготино ,Струга и Штип – по 20, Валандово – 19, Кочани – 12, Крива Паланка – 11, Богданци и Ресен – по 9, Свети Николе – 7, Крушево, Виница , Берово и Делчево – по 6, Кратово – 4, Демир Капија ,Македонски Брод и Демир Хисар – по 3, Дојран, Пробиштип и Дебар – по 2, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72г, 74г и 76г), по 2 починати лица од Битола (81г и 91г), Куманово (77г и 81г) и Струмица (58г и 65г) и по едно починато лице од Кочани (60г), Охрид (64г) и Тетово (68г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Битола (1), Виница (1), Гостивар (1), Дебар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 61г. до 80г. Лицата за починати се пријавени во период од 14.02. до 18.02.2022. Од починатите лица, 3 се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 1.318 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Авицена-64, Биотек-65, Систина-63, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-233, ВФВ Медикал-46, Ели Медика-7, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 631.
Досега во земјата се направени вкупно 1.871.411 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.559, бројот на оздравени пациенти е 278.326, на починати е 8.915 а бројот на активни случаи изнесува 6.318.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 135925, Активни 3632
Куманово 16023, Активни 269
Битола 14057, Активни 303
Прилеп 13433, Активни 190
Тетово 13299, Активни 202
Кавадарци 10003, Активни 209
Гостивар 9326, Активни 97
Велес 9294, Активни 257
Охрид 8454, Активни 132
Штип 7877, Активни 86
Струмица 7866, Активни 161
Кичево 5325, Активни 98
Кочани 4909, Активни 55
Струга 4619, Активни 65
Гевгелија 4167, Активни 87
Неготино 3587, Активни 96
Свети Николе 2615, Активни 36
Ресен 2554, Активни 57
Радовиш 2475, Активни 52
Крива Паланка 2350, Активни 31
Делчево 1879, Активни 13
Берово 1705, Активни 15
Дебар 1600, Активни 47
Валандово 1516, Активни 19
Виница 1362, Активни 11
Пробиштип 1282, Активни 5
Богданци 991, Активни 27
Кратово 926, Активни 18
Крушево 875, Активни 12
Демир Хисар 811, Активни 13
Македонски Брод 683, Активни 8
Демир Капија 542, Активни 7
Македонска Каменица 519, Активни 0
Пехчево 456, Активни 8
Дојран 254, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.

