Контакт

Македонија

Обвинителството со детали за предистражната постапка што се води за медицинскиот отпад од Битола

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти детали за пријавувањето на случајот со несоодветното третирање на медицинскиот отпад на фирма од Битола и за предистражната постапка што е почната.

dobivaj vesti na viber

Според Обвинителството, кривичната пријава во предметот за третманот на медицинскиот отпад од страна на фирмата „Екоклуб“ од Битола на записник ја поднел главниот инспектор во Град Скопје на 13.12.2019 година, три дена откога го забележал настанот. При поднесувањето на пријавата, тој, според Обвинителството, не доставил материјални докази, а за настанот не е приложена ниту службена белешка ниту записник за констатирани неправилности од страна на подносителот инспектор.

„Веднаш истиот ден по приемот на кривичната пријава, дежурниот јавен обвинител пред кој беше пријавен настанот и кој изготви записник за прием на кривична пријава, издаде наредба до СВР Скопје за да се направат неопходни проверки со кои ќе се обезбедат докази во поглед на наводите во пријавата. Од страна на СВР Скопје беше постапено по наредбата и до Основното јавно обвинителство Скопје беше доставено известување со обезбедени и приложени писмени докази, и тоа: писмен допис од Државниот инспекторат за животна средина со записник за извршен инспекциски надзор од 12.12.2019 година, како и решение од тој Инспекторат со кој се задолжува правното лице кај кое бил извршен надзорот да изврши мерење на емисии на гасови во воздухот од емитерот на автоклавот за третман на медицински отпад и годишен извештај за постапување со отпад од 30.1.2019 година со придружна документација“, информира Обвинителството.

Исто така, поднесен е и извештај за тестирање, кој се однесува на мерење и анализа на концентрацијата на загадувачки супстанции во отпадните гасови од емитер од 23.2.2018 година, договор за вршење услуга – третман на отпад од 4.10.2017 година склучен меѓу „Дрисла“ ДОО Скопје и „Екоклуб“ – Битола, дозвола за вршење дејност – собирање и транспортирање опасен отпад од 18.11.2016 година, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, дозвола за вршење дејност – складирање и третман на опасен отпад од 3.11.2016 година, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, одобрение за вршење  превоз на опасни материи во патниот сообраќај од 1.6.2018 година, издадено од Министерството за транспорт и врски, тековна состојба за правното лице „Екоклуб“ – Битола, податоци за правните субјекти со кои „Екоклуб“ соработувал во вршењето на дејноста, елаборат за животна средина за поставување постројка за дезинфекција на медицински отпад од септември 2016 година и решение за одобрување на тој елаборат од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и фотодокументација за затекната состојба во просториите на правното лице на 13.12.2019 година кога по наредба на јавниот обвинител, беше извршен увид на самото место.

„Од направените проверки од СВР Скопје и од досега обезбедените писмени докази, Обвинителството во предистражна постапка утврди определени факти од значење за пријавениот настан. За целосно утврдување на фактичката состојба, Обвинителството ја продолжува предистражната постапка. Надлежниот јавен обвинител, денеска до СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал издаде наредба од мобилниот телефон на главниот инспектор во Град Скопје да бидат издвоени видеоматеријалите што тој ги снимил со цел овие материјали да бидат обезбедени на законски начин. Од страна на Град Скопје, дополнително на 31.1.2020 година, преку архивата на Обвинителството, е доставено ЦД со определени материјали.

Исто така, до Државниот инспекторат за животна средина е издадено барање за достава на податоци за сите дополнителни проверки и за констатираните состојби во постапувањето со медицински отпад од страна на правното лице, а до Управата за финансиска полиција беше издадена наредба за проверки во поглед на финансиското работење на правниот субјект“, се наведува во соопштението.

Овој предмет во Основното јавно обвинителство Скопје беше оформен по непосредно доаѓање на главниот инспектор во Град Скопје три дена откако тој ги констатирал состојбите на терен. При неговото доаѓање, тој на записник пред дежурниот јавен обвинител го пријави настанот за што беше изготвен записник за прием на кривична пријава, а Обвинителството постапи веднаш истиот ден. Основното јавно обвинителство Скопје и надлежниот јавен обвинител по овој предмет постапуваат итно, со даден приоритет и во согласност со Законот за кривичната постапка. Во зависност од сите направени проверки и од обезбедените докази од надлежните државни институции ќе биде донесена мериторна јавнообвинителска одлука, велат од Обвинителството.

Сервисни информации

Без струја, дел од неколку скопски општини

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 09:00 – 10:00 часот, корисниците од улиците: 100, 101, 102 и 103 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)

· од 09:00 – 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Иван Хаџи Николов во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)

· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците од ул. Гаврил Константиновиќ во нас. Лисиче. (Општина Аеродром).

Прикажи повеќе...

Македонија

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

Објавено пред

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“, Башким Хасани, коалицијата „Вреди“ добила близу 500 гласа, а за „Европскиот фронт“ гласале 48 избирачи.

dobivaj vesti na viber

Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе за сметка на пратеник на „Европскиот фронт“ со прегласувањето во шестата изборна единица, изјави Хасани.

„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој, или во случајов, коалицијата ‘Вреди’ го добива 14 пратеник“, рече претставникот на коалицијата „Вреди“.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) за излезеноста на седумте избирачки места на кои денеска имаше прегласување за парламентарните избори, на избирачкото место во Општина Желино, едиствено на кое се прегласува во шестата изборна единица, до 18:30 часот гласале вкупно 546 избирачи.

Претставниците на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и Башким Хасани на социјалните мрежи го напишаа бројот 14 со што алудираат на уште еден пратеник во коалицијата.

Коалицијата „Вреди“ на парламентарните избори на 8 мај, имаше 13 пратеника, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ доби 19 пратенички мандати.

Прикажи повеќе...

Македонија

55,10 проценти била излезноста, на половина час пред затворањето на гласачките места соопшти ДИК

Објавено пред

Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18.30 чaсот гласале 2.487, односно 55,10 отсто, соопшти Државната изборна комисија

dobivaj vesti na viber

Во ИМ 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98%.

Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 325 гласачи односно 69,30%.

Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 99 гласачи односно 33,22%.

Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 356 гласачи односно 50,07%.

Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 365гласачи односно 55,47%.

Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 324 гласачи односно 51,27%.

Во ИМ 1844 во Струга, гласале 472 гласачи односно 62,68%.

Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 18:30 часот, на ова прегласување била забележана зголемена излезеност за 1,08% на овие избирачки места.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето

По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“,...

Македонија13 часа

Ковачевски се повлече од претседателската функција во СДСМ, и го повика целото раководство да го направи истото

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ којашто ја...

Македонија15 часа

Директорот на „Идризово“ по пожарот со четворица задушени чувари: Се запали душек од сунѓер, кој може да пламне и од догорче од цигара

Четворицата задушени чувари од затворот „Идризово“ се во добра состојба и се очекува утре да бидат пуштени дома, вели директорот...

Македонија16 часа

Спорните договори за вработување се само со потписот на Иљази – ДСЗИ влезе на Токсикологија

Државниот санитарен и здравствен испекторат извршил контрола на Клиниката за токсикологија во однос на договорите за вработување на лицата за...

Свет18 часа

Кои земји досега ја признаа Палестина

Речиси три четвртини од земјите во светот ја признаа државата Палестина, која ја прогласи палестинското раководство во егзил пред повеќе...

Македонија19 часа

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија19 часа

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија21 час

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија22 часа

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...

Европа22 часа

Норвешка ја призна палестинската држава

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека...

Македонија22 часа

„Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната...

Свет23 часа

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, не е истиот вид како во САД

Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не...

Свет23 часа

На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за...

Свет23 часа

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран, Хамнеи води молитва за Раиси

Стотици илјади луѓе се собраа утрово на улиците на Техеран за да присуствуваат на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси...

Свет23 часа

(Видео) Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина повредени

Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс....

Македонија1 ден

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија2 дена

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија2 дена

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија2 дена

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија2 дена

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...