Македонија
Облачно и постудено со врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Услови за слаб снег ќе има и на некои пониски места во северните и источните делови. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната ремпература ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 2 до 8 степени.
Во Скопје облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, Во текот на денот во повисоките делови од Скопската Котлина ќе врне повремен слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре и задутре претпладне ќе има преодно стабилизирање на времето со ниски утрински температури, кои насекаде ќе бидат под нулата. Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од променлив интензитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.
Македонија
По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, нема пријавени штети, соопшти ЦУК

По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со кризи не се пријавени материјални штети или повредени лица, информираат од таму.
„Директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со вработените од Оперативниот сектор и Дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.
Центарот за управување со кризи останува во постојана готовност и продолжува со координирани активности за обезбедување брза и ефективна институционална реакција при евентуални потреби“.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила надвор од градските средини

Поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на Експресниот пат А1, делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.
Според информацијата, во целост е отворен за сообраќај државниот пат А1 Градско – Прилеп од раскрницата кај бензинската станица Лукоил до клучката кај бензиската станица Салида.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.