Македонија
Облачно и студено, попладне снег

Времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд.
Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.
Кон крајот на денот и во скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.
Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова-Бегај: Членките на ЕУ сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на Унијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери.
Соговорниците разговараа за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање.
Претседателот Бегај истакна дека дел од земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ. Тој изрази подготвеност за помош и поддршка во процесот на македонската евроинтеграција, додавајќи дека членството во ЕУ гарантира владеење на правото, заштита на човековите права и јакнење на демократскиот капацитет.
На средбата, обајцата ја повторија потребата од негувањето на меѓусебното партнерство на мултилатерален план. Истовремено, се согласија дека треба да се прошири и продлабочи соработката на сите полиња.
Македонија
Утре, без вода делови од скопски Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( Вторник ) поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Аеродром )
Македонија
Азири: Дали Османи прави било што во својата политичка кариера ако нема личен ќар за себе или за неговите најблиски

На денешната прес-конференција, портпаролот на Локалниот штаб на „Вреди“ во Чаир, Сабри Азири, беше пред гинеколошката болница “Мајка Тереза“ во Чаир.
„На минатата прес конференција објавивме дека Бујар Османи, на државни функции поминал вкупно 3.672 дена или 10 години и 22 дена. Во тој долг период, учинокот на Бујар Османи за жителите на Чаир изгледа вака: Нула денови за чаирчани, но два дена со Сергеј Лавров во Скопје. Нула денови за чаирчани, но цела недела со Никола Груевски во Будимпешта. Нула вработувања за чаирчани, но затоа сопруга вработена во АЕК, сестра во М-НАВ и развиен бизнис за неговиот брат“.
Според Азири иронијата е во тоа што, наместо чаирани да добијат модерна гинеколошка болница и подобра здравствена услуга, тие добија уште еден симбол на корупцијата.
„Меѓутоа, на таа прес-конференција испуштивме еден проект кој е заштитен знак на неговата кариера како министер за здравство, а е директно поврзан со Чаир. Тоа е фамозниот проект за реконструкција на гинеколошката болница „Мајка Тереза“, во Чаир, чиј епилог заврши со коруптивен скандал познат како “Пациент“, за злоупотреби во вредност од над 21,6 милиони денари или околу 350 илјади евра. Иронијата е што наместо Чаирчани да добијат современа гинеколошка болница и подобра здравствена услуга, тие добија уште еден симбол на корупција. Наместо објект што ќе им служи на мајките и децата, Чаир остана со недовршен проект и со дамка која до денес го следи”, истакна Азири.
Тој постави и дилема дали Бујар Османи направил нешто во неговата кариера, имајќи предвид дека со децении не ветил ништо, а денес им ветува проекти на жителите на Чаир.
„Само од овој предмет логично се наметнува дилемата – Дали Бујар Османи прави било што во својата политичка кариера ако нема личен ќар за себе или за неговите најблиски? Со кој образ денес Бујар Османи им ветува проекти на жителите на Чаир, кога тогаш, кога имаше цела деценија во централната власт, буквално не мрдна со прст за своите сограѓани?
Жителите на Чаир не забораваат. Точно знаат кој е навистина со нив цело време, а кој доаѓа кај нив само пред избори. На 19 октомври Бујар Османи ќе биде пациентот на гласачите на Чаир, кои масовно ќе му ја отворат излезната врата од политиката”, нагласи Азири.