Македонија
Османи на специјална итна седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе учествува и ќе се обрати на 11-тата специјална итна седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
За време на престојот во Њујорк воедно ќе реализира и низа билатерални средби со министрите за надворешни работи на: Естонија, Унгарија, Холандија, како и со Розмари ди Карло, потсекретар на Обединетите нации за политичко-безбедносни работи.
Министерот Османи во своето обраќање пред ГС на ОН ќе стави акцент на воената агресија на Русија врз Украина, со барање да запрат војната и страдањата на луѓето, а ќе се осврне и на главните приоритети и досегашните активности во реализирањето на програмата на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, особено на зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните, во контекст на нашето мото „за луѓето се работи“ имајќи ги предвид состојбите и во други земји на ОБСЕ-регионот.
Исто така, планирани се и средби со претставници на дијаспората на Северна Македонија во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

