Македонија
Османи на средби со министрите на Ерменија и Азербејџан: Употребата на сила за решавање на споровите е неприфатлива
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари одвоени средби со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов, и со министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
На средбите тој ја изрази својата длабока загриженост за воените операции во регионот, како и за опасноста и влијанието врз погоденото цивилно население. Повикувајќи на итна деескалација, повторно изрази загриженост за сериозните последици врз луѓето, особено за ранливите групи.
„Хуманитарните аспекти мора да преовладуваат и хуманитарните потреби на локалното население мора да бидат овозможени“, истакна на средбите Османи.
Претседавачот истакна дека употребата на сила за решавање на споровите е целосно и секогаш неприфатлива и дека одржливиот конструктивен дијалог во добра верба е единствениот пат кон траен мир.
Тој ја повтори и својата подготвеност за личен и активен ангажман и истакна дека ОБСЕ како организација е подготвена да им помогне на Ерменија и Азербејџан на патот кон мирот.
„ОБСЕ поседува потребно искуство, експертиза и алатки за олеснување на дијалогот и градењето доверба и спроведување на релевантните договори“, рече Османи на одвоените средби со министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, Мирзојан и Бајрамов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Минатата недела санкционирани 180 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 180 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
„Во периодот од 20.05. до 26.05.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 75 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, велат од ПОЦ.
„ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар“, се додава во соопштението на ПОЦ.
Македонија
Братот на убиениот пејач на Пластичарска: Амар ќе биде погребан денеска
Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото семејство.
Македонија
Извршен увид по пукањето на пластичарската улица во Скопје
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.
Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.
Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.