Македонија
Поради можност од бегство, администраторот и модераторот на „Јавна соба“ остануваат во куќен притвор
Обвинителот побара мерката куќен притвор за Дарко Костовски и Михаил Паневски да остане, а судот прифати.
Според судијката, таа мерка ќе биде доволна за непречно водење на постапката, а бидејќи постои можноста за нивно бегство. Тие остануваат и без пасоши и лични карти.
„Во казната која е изречена ќе биде засметано и времето поминато во куќен притвор”, кажа судијката.
Мерката ја побара обвинителот.
„Мерката куќен притвор треба да се продолжи до правосилност на пресудата. Пред нив е долга казна затвор што значи дека се мултиплицира опасноста од бегство”, рече обвинителот.
Адвокатот на првообвинетиот Дарко Костовски побара клиентот да се брани од слобода: „Барам овој суд да има предвид дека мерката куќен притвор треба да ја укине и согласно начелото на пресумција на невиност, но и дека обвинетиот подолго време e во куќен притвор, односно помина 13 месеци, казна која би се засметала во затворската казна. Ако се следи праксата на овој суд, треба да се укине мерката. Обвинетиот Костовски покажа и многу добро поведение и почит спрема судот”, рече неговиот адвокат.
За Михаил Паневски, адвокатката рече: „Иако висината на казната ми дава за право да барам поблага мерка, сакам да го напоменам следното: откако беше одреден притвор, ние баравме куќен притвор со гаранција во недвижност. Овој суд, односно судскиот совет кој постапува најде за сходно присуството за водењето на потребите на оваа постапка може да се постигне со куќен притвор којшто обвинетиот го издржува и почитува. Спремни сме и понатаму обвинетиот да остане во куќен притвор и од таму да ја докажуваме невиноста. Но сметам дека судот по службена должност ќе ја преиспита оправданоста од мерката куќен притвор и доколку најде за овој обвинет постои можност за мерки на претпазливост, тоа го оставам како одлука на судот”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што денеска, на празникот Богојавление Водици, беше положен во осветените води на Охридското Езеро.
На церемонијата присуствуваше и заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој му честита на Мартин и се фотографираше со него.
„Би сакал да го честитам големиот христијански празник, Богојавление – Водици, за Охрид најголем празник. Драго ми е што имаме еден прекрасен ден, мислам дека имаше преку 20.000 луѓе кои се појавија на градското пристаниште, многу туристи, многу странци, што мислам дека многу значи за развој на градот и на туризмот и мислам дека ова што го прави општината предводена од градоначалникот Пецаков и со поддршка од Владата, ќе продолжи да дава резултати и во периодот кој што е пред нас. Да честитам на оној кој што го фати крстот, да посакам добро здравје, среќа, да го пратат во текот на годината и за убави работи да се гледаме“, рече Николоски.
Македонија
Мицкоски со владина делегација на Светскиот економски форум во Давос
Премиерот, Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, од утре ќе учествува на 56 годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија.
Овогодишниот форум, кој се одржува под мотото „Во духот на дијалог“, обединува над 65 шефови на држави и влади, со цел изнаоѓање решенија за најгорливите глобални предизвици.
Премиерот Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции, презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.
На панел дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.
За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.
Владината делегација во Давос ќе оствари средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации, со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.
Македонија
(Видео) Роберт Шоповски го фати богојавленскиот крст во Елшани
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.

