Македонија
Почина докторот Методи Чепреганов
Денес почина проф.д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар, роден 1936 година во Штип информираше неговото семејство.
Беше редовен професор на Медицинскиот факултет и долгогодишен директор на Клиниката за неврологија. По пензионирањето продолжи со својата професионална работа повеќе од 20 години во приватната болница Неуромедика.
Своето знаење во областа на епилептологијата го усовршува во Франција, Белгија и Англија. Со полна едукативна историја за сите нас остави повеќе од 260 стручни труда, монографии и повеќе од 75 напишани книги во областа на неврологијата и психијатријата. Од министерството за наука во Франција добитник е на високата награда „Златна палма“ како дел од тимот на невролози кои учествуваа во изработка на Светската енциклопедија за Невро- радиолошка дијагностика.
Беше бескрајно вљубен во музиката која ја свиреше и живееше со неа. Севселенски човек кој вистински уживаше во секое негово животно дело. Неговото патување низ времето продолжува.
Опелото ќе се одржи во Соборен храм „Св. Климент Охридски“ од 11:45 до 13:00, а погребот ќе се изврши во 13:30 на градските гробишта во „Бутел“.
Чепреганов до смртта беше активен во својата професија. Неодамна тој објави дека ги собрал 25-те години работа во осум книги. Со што, имаше објавено 47 книги од своето децениско работење.
Објавил и над 260 научни трудови и 130 монографии од областа на Неврологијата и епилептологијата. Беше член на Европска асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција.
Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за нау
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За Велигден претежно сончево и потопло време
Во недела и понеделник времето во земјава за најголемиот хртистикански празник Велигден ќе биде претежно сончево и потопло, соопшти Управата за хидро – метеоролошки работи.
Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Утре времето ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температурата ќе се движи од 1 до 11 степени Целзиусови, а максималната дневна од 9 до 21 степени. Во Скопје слично време со температура до 19 степени.
Македонија
Посебен сообраќаен режим во Скопје
Министерството за внатрешни работи информира дека денеска поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“.
Исто така попладне поради одбележување на верскиот празник Велигден ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром по повод верскиот празник Велигден.
– Во периодот од 18 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Воскресение Христово Велигден, во центарот на градот по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: 1. Бул.„Партизански одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”. 2. Бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски”. 3. На возилата од јавниот градски превоз, кои поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, по потреба ќе им се менува трасата на движење, при што ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку Центар ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, по што преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, се наведува во соопштението.
Во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.
Во општина Ѓорче Петров, по потреба, за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосницата со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.
Во општина Аеродром, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с.Лисиче. Исто така, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.
-Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните, наведуваат од МВР.
Сервисни информации
Променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 19 степени.
Во недела и понеделник времето ќе биде претежно сончево и потопло. Во вторник локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран во среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.