Македонија
Пренџов: На Македонија и требаат промени, граѓаните со право бараат оставки во судството со 2 проценти доверба
„Огромно мнозинство од граѓаните, пратениците во Собранието и сите добронамерни организации кои и мислат добро на Македонија очекуваа од сите вас во советот денес да си поднесете оставки. Требаше да си поднесете оставки бидејќи крајно време е во Република Македонија да создадеме еден нормален правен систем во кој на челото на правда и правичност ќе бидат пресудни во правниот промет кој го имаат граѓаните со институциите“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов на денешната собраниска Комисија за политички систем на која дебатираа за Годишниот извештај на Советот за јавни обвинители за 2023 година.
Пренџов додаде: „Ние во Македонија правна држава немаме. Правната држава почива на два столба првата е јавното обвинителство а вториот е судството. Ниту едното функционира, ниту другото функционира. Срамно е никој да не поднесе оставка од функција за која граѓаните кои сите не плаќаат имате 2% рејтинг“.
Пренџов укажа дека во Македонија нема правна држава, право и обвинителски систем.
„Темата право правда и реформи во правосуден систем беше ставен пред изборот на граѓаните, на секоја анкета немањето право и правда е клучен проблем, ама решение на него не е со вие да продолжите со како до сега да бидете судски совет во оваа држава со 2% рејтинг. На Македонија и требаат промени, а не козметика со зборување еден час и при тоа не кажување ништо“, дециден е Пренџов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

