Македонија
Бесплатен паркинг за време на празникот Рамазан-бајрам

Утре, 21 април 2023 година, за време на државниот празник Рамазан-бајрам, јавните паркиралишта „Народен фронт“, АМСМ, „Дом на печат“, ЗОИЛ, „Тутунски комбинат“ и „8 Септември“, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата.
„Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта) исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта, пак, ‘Кочо Рацин’, ‘Градска болница’, Клинички центар ‘Мајка Тереза’, ‘Треска’, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00.00 до 24 часот“, велат од „Градски паркинг“.
Јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“ им го честита Рамазан-бајрам на сите граѓани на Република Македонија кои го слават овој празник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

Владата обезбеди 50 милиони денари за 1.570 стипендии за новите ученици во дуално образование од септември.
Во учебната 2025/2026 година учениците кои ќе се запишат во дуалните паралелки и ќе ги исполнат конкурсните услови, 9 месеци ќе добиваат по 3.500 денари.
„Реалниот сектор има потреба од стручни, квалификувани лица и за таа цел, како Влада преку овие мерки и чекори ги стимулираме младите своето образование да го продолжат во некоја од дуалните паралелки. Дополнително, потврда за тоа дека со оваа мерка како Влада ја развиваме соработката со реалниот сектор е вклучување на 550 компании кои директно ќе ја спроведуваат практичната обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки“, велат од Владата.
Се додава и дека се прават конкретни чекори за унапредување на образованието и создавање на кадри кои ќе добијат можност, доколку не го продолжат својот образовен процес на повисоко ниво, по завршување на средното училиште да се вработат во некои од компаниите.
„Преку ова ја намалуваме невработеноста, но и ги стимулираме младите да ги усовршат практичните вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на труд. Образованието е најважниот столб на развојот на Македонија. Преку квалитетно и реформирано образование, младите ќе останат да ја градат сопствената иднина во Македонија. Нашата заложба е да обезбедиме иднина за сите и да ја вратиме надежта кај младите“, се додава во соопштението на Владата.
Македонија
Сончево време со температура до 35 степени

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Попладне претежно во западните планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.
Македонија
Уште еден земјотрес синоќа почувствуван во Охрид и Струга

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтер синоќа по полноќ го погоди охридскиот регион.
Потресот е регистриран во 00 часот и 48 минути, а потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга.
Според досегашните податоци со кои располага сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.