Македонија
Самитот за сината економија 2023: пионер во областа на одржливост на слатководни води на Балканот
„Водата е најскапоцен ресурс на нашата планета и лулка на животот на Земјата. Водата е крвотокот на нашите земји и мотор на нашата економија“, оваа порака беше испратена на Самитот за сина економија 2023, кој се одржа во хотелот „Панорамика“ во Скопје, организиран од Prime Blue Institute во партнерство со PrimePoint Partners и Централно-европската иницијатива (ЦЕИ).
Овој настан ги обединува експертите, меѓународните финансиски институции, банките, приватниот сектор и претставниците на регионалните комори, како и креаторите на политики, за да се осврнат на критичните прашања во зачувувањето на слатките води и одржливиот економски развој на Балканот.
Самитот има цел да ја поттикне соработката, да размени знаење и да ги идентификува можностите за партнерство за одржливи иницијативи за слатководни води. Teмите се усогласени со агендата за сина економија на ЕУ, зелениот договор на ЕУ и агендата на ОН 2030. На отворањето на настанот учествуваа истакнати личности, меѓу кои Зоран Мартиновски, претседавач на Самитот и претседател на PrimeBlue Insitute, Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ, Ами Ларсон Џаин, амбасадор на Шведска, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање. Тие ја истакнаа важноста на регионалната соработка и меѓународните партнерства во одржливоста и валоризацијата на слатководните води.
Меѓу другите говорници се и Вирџинијус Синкевичиус, еврокомесар за животна средина, рибарство и поморство од Комисијата на ЕУ, Бјорн Габриел, претставник на ЕИБ во земјата, Патриша Цејсенс, поранешна министерка на Белгија и други значајни личности. Агендата на самитот опфаќа широк спектар на критични прашања за одржливост, со фокус на екосистемите на езерата и иницијативите насочени кон обезбедување одржлив економски раст на градовите на езера. Во рамките на дискусиите ќе бидат обработени теми за глобалните водечки иницијативи во сината економија, можностите за зелени и сини финансии, најдобрите практики во валоризирање на секторите на сината економија, како што се одржливиот туризам и земјоделството, како и еколошката општинска инфраструктура.
Самитот на сината економија 2023 година е клучен настан, кој ги поттикнува соработката и иновативното размислување за да се ослободи целосниот потенцијал на сината економија во регионот на Балканот. Тоа е чекор кон градење на просперитетна иднина, каде што нашите езера напредуваат, заедниците покрај езерата се развиваат и водните ресурси се зачувани за генерациите што доаѓаат.
Prime Blue Institute e организација посветена на промовирање одржливост во езерските градови и секторите на слатководна сина економија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: 45,88 отсто е одѕивот до 17 чaсот на избирачките места на кои има прегласување
До 17 чaсот, од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места, гласале 2071 односно 45,88 отсто, објави Државната изборна комисија (ДИК).
Во ИМ 2101 во Желино гласале 503 гласачи односно 50,65%.
Во ИМ 1194 во Крушево, гласале 270 гласачи односно 57,57%.
Во ИМ 1202 во Крушево, гласале 85 гласачи односно 28,52 %.
Во ИМ 1272 во Охрид, гласале 306 гласачи односно 43,04%.
Во ИМ 1470 во Долнени, гласале 281 гласачи односно 42,71%.
Во ИМ 1470/1 во Долнени, гласале 234 гласачи односно 37,03%.
Во ИМ 1844 во Струга, гласале 392 гласачи односно 52,06 %.
Во споредба со гласањето на 8 мај 2024, до 17 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 0,14 отсто на овие избирачки места.
Македонија
Во ОКТА отворен првиот тренинг-центар за гасење пожари од нафтени деривати
Следејќи ја својата стратешка определба за етичко и општествено одговорно работење и, истовремено, поставувајќи ја безбедноста како врвен приоритет, ОКТА инвестираше во нов тренинг-центар за противпожарна заштита од нафтени деривати, прв од ваков вид во земјава.
Новиот тренинг-центар ќе овозможи изведување на вежби и сценарија на противпожарната единица ОКТА во строго контролирани и безбедни услови за вработените и инфраструктурата на компанијата.
„Отворањето на овој тренинг-центар повторно ја потенцира нашата цврста и одлучна определба за инвестирање во капацитети и иницијативи кои треба да обезбедат одржлива иднина за ОКТА, но и да ја гарантираат безбедноста која што е наш врвен приоритет. Тренинг-центарот има исклучително значење за нашата компанија и ќе придонесе за натамошно одржување на високиот степен на подготвеност на нашиот противпожарен тим, но и на сите вработени во компанијата, за ефикасно справување со ризични ситуации поврзани со појава на пожари. Истовремено, подготвени сме нашето знаење и сите капацитети на овој центар да ги ставиме во служба на институциите, останатите компании и заедницата, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата општествена одговорност на која сме особено посветени и горди“, изјави Ице Рикалоски – директор на оператива во ОКТА АД Скопје.
На презентацијата на новиот тренинг-центар беше изведена и показна вежба на противпожарната единица на ОКТА која ја следеа претставници на Центарот за управување со кризи и на неколку противпожарни бригади од земјава.
Тренинг-центарот, со вкупна површина од 1.000 квадратни метри, е лоциран во кругот на ОКТА, изолиран од резервоарскиот парк и рутите на движење на цистерните со деривати. Ова овозможува сигурно и безбедно користење, тренирање и работа со отворен пламен, без никакви ризици по останатиот дел од инсталацијата. Непосредната близина на противпожарната служба на компанијата овозможува беспрекорна поддршка на корисниците на тренинг-центарот. Инфраструктурата на овој центар која што вклучува подземна хидрантска линија со поставени дополнителни четири (4) надземни хидранти за обезбедување на доволни количества вода во случај на итност, довод на дериват за изведување на вежбите, согласно претходно утврдени симулации, изведен според најстрогите API-стандарди и елементи за симулација и стручна практична обука овозможуваат безбедни и строго контролирани услови за тренинг и усовршување.
На почетокот центарот ќе функционира како полигон за обука и увежбување на техники за гасење пожари предизвикани од нафтени деривати и ќе се користи за обука на вработените во ОКТА, како и за заеднички вежби со противпожарните единици со кои компанијата има склучено меморандуми за соработка. Во следната фаза планирано е тренинг-центарот да се прошири и со реквизити за обука и тренинг за справување и со други видови пожари, како што се: пожари во затворени простории, пожари од А-категорија, но и во истражување на техники за спасување во случај на пожар во затворен простор. Истовремено, овој прв тренинг-центар ќе им биде ставен на располагање на државните институции, локалните самоуправи и на други компании, за вежби и обуки на своите противпожарни единици.
Противпожарната единица на ОКТА е основана со самиот почеток на работа на компанијата и располага со две целосно опремени противпожарни возила, како и друга дополнителна опрема за гасење пожари. Во процес на набавка на теренско возило 4×4 кое што е комплетно опремено со резервоари за вода и пенило, пумпа со висок притисок и сет од млазници за користење при интервенција на различни видови пожари. Оваа противпожарна единица брои 23 високо обучени професионалци, особено во делот на заштита од пожари и експлозии во нафтени индустрии, како и за гасење пожари во урбани средини. Досега единицата има забележено голем број успешни интервенции и надвор од кругот на ОКТА, особено во заедницата во која што работи и делува.
ПР
Македонија
Добивме уверувње од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе останат посветени на европскиот пат, рече Ескобар
Очекуваме дека Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат, кажа заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет.
Ескобар, за време на разговорот за улогата на САД во услови на предизвици на Западен Балкан, беше прашан дали по победата на ВМРО-ДПМНЕ и зголемената загриженост за Договорот од Преспа се` уште верува оти патот кон Европа ќе продолжи, како што изјави на денот на изборите.
„Да. Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО, и верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО. И добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија [ВМРО-ДПМНЕ] која победи на изборите, дека ќе останат посветени на европскиот пат“, одговори Ескобар, пренесе „Гласот на Америка“,
Toj рече дека всушност „постои сè поголем реализам дека нема друга алтернатива“.
„Така, мислам дека ќе видиме и се надевам дека ќе видиме тој пат да продолжи да биде главна политичка цел на новата влада“.
Стејт департментот, на прашање на Гласот на Америка на македонски дали САД ќе ја повикаат Грција да ги изгласа меморандумите, како што ја повикаа и Северна Македонија да го почитува договорот, изјави дека „САД остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и на евроатлантските интеграции на Северна Македонија“.
Oд прес-службата на Стејт департментот кажаа дека како што ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, САД ќе продолжат да ја истакнуваат важноста да се почитуваат „ меѓународните договори и придобивките од полноправното членство во Европската Унија“.