Македонија
Сведоци менувале изјави по налог на осомничениот Томе Главчев во „Поштенска банка“
Специјалното јавно обвинителство во аргументите на жалбата што ја отфрли кривичниот совет на скопска „единица“ навело дека барале притвор за осомничениот Томе Главчев, директор на фирмата „Ноел“ од Гевгелија, бидејќи влијаел врз двајца сведоци во предистражната постапка, дознава „Макфакс“.
Обвинителството пред судот го аргументирало тоа со записници, кои биле доставени, а во кои било наведено дека двајцата сведоци дале различен исказ пред СЈО при распитот во јануари и мај годинава.
Судот во претходното решение ценел дека влијание за неопределување притвор имале возраста на осомничениот, фактот дека претходно не бил осудуван и дека не се водат постапки против него за други кривични дела.
Судот го ценел фактот дека друштвото „Ноел“ од Гевгелија, со кое управува осомничениот Томе Главчев, вработува 800 лица. Според судот, осомничениот соработувал со повеќе деловни партнери во повеќе европски земји. Фактот дека осомничениот нема да избега, судот го правда со тоа дека е лице со солидна имотна состојба, со голем движен и недвижен имот. Освен тоа, било нотирано дека осомничениот е во работен однос и стопанисува со своја фирма.
Дополнително, и самиот Главчев пред судијата Седат Реџепагиќ ветил дека нема да бега и дека редовно ќе се јавува на секоја судска покана.
Судијата навел дека инкриминираните дејства за кои Главчев е осомничен ги сторил во 2001 година и оттогаш изминал голем временски период поради што одедени сведоци не би се сетиле на одредени ситуации. Судијата констатирал дека осомничениот не може да влијае врз доказите бидејќи нив ги обезбедило специјалното јавно обвинителство и било изготвено вештачење, па му определил мерка на претпазливост.
Но, судот не го прифатил аргументот на СЈО дека во 2018 година осомничениот ја напуштил државата повеќе од 40 пати како околност поради која треба да му определи притвор, а адвокатката на Главчев, пак, се изјаснила дека патувањата на нејзиниот клиент биле за да договара соработка со странски фирми.
Кривичниот совет на скопска „единица“ одлучи на осомничените Томе Главчев и ексградоначалникот на Кочани, Ратко Димитриевски, да им ги одземе пасошите како дополнителна мерка, покрај јавувањето во судот еднаш неделно.
СЈО бараше притвор за 2 основи: опасност од бегство и влијание врз сведоците. Истрагата е за перење пари и други приноси од казниво дело, а опфатени се девет лица. Од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 година била прибавена имотна корист во износ од приближно 5 милиони евра.
Експремиерите Љубчо Георгиевски и Никола Груевски и експратеникот и градоначалник, Марјан Ѓорчев, куртулија од истрагата поради апсолутна застареност на делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

