Македонија
СДСМ лут на Џафери, бара да каже зошто ја прекина седницата
СДСМ бара Талат Џафери да одговори зошто ја прекинал вчерашната седница. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, рече дека синоќа пратениците од мнозонството биле подготвени да донесат одлука со која на судот ќе му овозможат непречено да продолжи со процесот за 27 април, но Џафери ја прекина седницата и не дозволи гласање.
„Џафери ѝ должи одговор на јавноста зошто ја прекина сендицата. Кворум и подготвеност имаше, бараме приниципиелност. За Вељаноски мора да важат истите процедури и правила како и за сите други“, рече Митревски.
По синоќешните случувања, СДСМ не присуствуваше на координацијата кај Џафери.
„Денес, нема услови да продолжат преостанатите активности во Собранието“, рече Митревски и додаде дека јавноста бара одговори дали синоќа имало некакви калкулации.
Митревски не одговори на прашањата на какви калкулации алудираат и дали и СДСМ е вмешан, а одби да одговори и што се случи со барањето за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски, кое остана на дневен ред на седницата што не се одржа по повеќе од еден месец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

