Македонија
СДСМ: Не успева сценариото на Мицкоски, ќе има одговорност за организаторите на насилствата од 27 април
ВМРО-ДПМНЕ одново покажува дека насилничките сценарија, создавањето тензии и пласирањето лаги се нејзини единствени. Сценариото на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на Никола Груевски не успеа да го оттргне фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главнио осомничен организатор на насилствата од 27април кога беа нападнати пратеници, полицијаци и вработни во Собранието, соопшти СДСМ.
„Наместо да продолжуваат со создавање тензии, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски мора да им се извинат на граѓаните за лагите што ги ширеа вчера, мора да се извинат што медиумите и порталите под нивна контрола вчера лажеа и ширеа драматични шпекулации во јавноста.
Соодветната и целосна истрага од страна на институциите ќе ги даде сите одговори за инцидентот во затворот „Скопје“.
Граѓаните и институциите нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да создадат нови кризи, поделби и тензии.
Насилството ќе биде соодветно санкционирано. Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април“, велат од владејачката партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

