Македонија
Силјановска-Давкова: Наука со 0,1 проценти не може да имаме, со „Обнова“ следуваат сериозни реформи во образованието
Вчера, при средбата со граѓаните, Гордана Силјановска-Давкова, носител на Изборната единица 1 посочи дека по 15 јули, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите, ќе почнат сериозни реформи во образовниот систем бидејќи се неопходни.
„Во образованието на сите нивоа имаме залутани луѓе. Наука со 0,1 проценти не може да имаме. Срамота. Во програмата е првиот чекор кон обновата. Зголемување на финансиите. Да не ни ги земаат најдобрите студенти странците“, појасни Силјановска-Давкова.
Силјановска-Давкова додаде дека шесте државни универзитети не треба да се фабрики за вработување во јавната администрација.
„Новата влада, која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, се обврзува дека ќе плати за објавување во web of science и ќе има зголемување на платата 50 %“, истакна Силјановска-Давкова.
Таа посочи дека во програмата има предвидено и стипендии за ученици и студенти.
„Не сите имаат компјутери, не може во време на Ковид-19 сите да се онјалн. Мора државата да помогне и обновата тоа го нуди“, рече вчера Силјановска-Давкова.
Силјановска-Давкова додаде дека, за жал, странците ништо не знаат за нас, затоа мора да имаме наша литература.
За крај, таа вети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада, сигурно еден од нашите универзитети ќе биде меѓу првите 1.000 на Шангајската листа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

