Македонија
„Синохидро“ сè уште има и рок и фронт до 31 декември да работи на патот Кичево – Охрид, вели министерот Бочварски
Кинеската компанија „Синохидро“ сè уште има рок до крајот на годината да работи на реализација на патот Кичево – Охрид и покрај анализите и ревизиите што се прават за проектот. На ова денес потсети министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој вели дека се бара најдоброто можно решение за завршување на автопатот.
„Компанијата ‘Синохидро’ во минатиот период беше во континуирана координација со Министерството, со Јавното претпријатие за државни патишта и со сите подизведувачи во насока на решавање на сите прашања што се отвораа во текот на изградбата. Важно е дека компанијата има сè уште рок за реализација и до 31 декември има и рок и фронт за да продолжи да работи на терен“, рече министерот Бочварски денес во Неготино по прелиминарната распределба на социјалните станови.
Министерот очекува анализата од експертот на ФИДИК (Меѓународна федерација на консултантските инженери) да даде правци по кои државата треба да продолжи за завршување на овој проект. Експертите, пак, што ги ангажира Јавното претпријатие за државни патишта министерот Бочварски вели дека треба да помогнат за избор на најдоброто решение за свлечиштата и косините, кои се реален проблем на голем дел од трасата на автопатот.
„По утврдување на сите овие правци, кои ќе произлезат од стручни лица, без притоа да се прави политички притисок, туку со стручна анализа ќе дојдеме до најдобрата политичка одлука што ќе ја донесеме и за завршување на автопатот и тој автопат да биде сигурен, безбеден за патување на граѓаните“, рече министерот Бочварски,
Премиерот Димитар Ковачевски, вчера, посочи дека одговорност за долгото градење на патот треба да се бара и од проектантите. Ги спореди со сметководители и рече дека одговорноста на проектантите што даваат лоши решенија во проектите е иста со онаа на сметководителите кога прават погрешни завршни сметки и има можност да ги изгубат лиценците.
Поради 11 нови свлечишта, веќе е извесна потребата уште еднаш да се продолжи рокот за завршување на патот Кичево – Охрид, но премиерот Ковачевски најави и можност за раскинување на договорот со кинеската компанија, која веќе 10 години работи на патот, од кој не е пуштен за употреба ниту еден метар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска-Давкова: Времето на жените доаѓа, срамота е што 30 години сме немале жена претседателка или премиерка
Во рамките на активностите на кандидатката за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.
„Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиерка. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци“, порача Давкова.
Како што додаде, жените имаат што да покажат, имаат вулканска сила и мажите треба да се инспирираат од нив.
„Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат“, рече Давкова на трибината.
Македонија
Оштетени билборди и рекламни паноа на политичка партија во Тетово
Вчера на улицата ,,Киро Ристовски-Дрнц” и на улица „Маршал Тито” во Тетово биле оштетени билборди и рекламни паноа од парламентарните избори од една политичка партија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР.
Македонија
Демократски сојуз предлага платите на полицајците да бидат колку оние на обвинителите и судиите
Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.
Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, како што велат од патијата, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.
„Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн). Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари“, додаваат од партијата на Павле Трајанов.
Предлагаат двојно зголемување на платите на полицијата и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.