Македонија
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов, поради морална и кривична одговорност, треба да си даде оставка

Градоначалникот Петре Шилегов како одговорен на градскиот кризен штаб и како прв човек во градот треба да ја споделува маката на граѓаните, кои во Скопје останаа три дена затворени. Тој ова го направи и избега од Скопје во Маврово и не беше под карантин, обвини советничката група на Град Скопје.
„Освен градот што остана без градоначалник, кој со оглед на неговата неработа и не е некоја загуба, остана и без првиот човек на кризниот штаб, што повлекува и кривична одговорност. Шилегов, поради морална и кривична одговорност, треба да си даде оставка.
Што се однесува до денес, за промовираниот кружен тек, треба да одговори зошто тој е преплатен.
На пример, кружниот тек во Влае, кој го изгради претходникот на Петре Шилегов, чинеше 50 милиони денари, а дијаметарот е 40 метри, 13 канделабри, со опфатено проширување на „Партизански одреди“.
А денес Шилегов промовира кружен тек, кој е 4 пати помал, а чини 20 милиони денари. Разликата отиде во нечиј џеб, во кој – треба да одговори Шилегов“, порача советничката група.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вработените во културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два дена од следната недела, најави министерството

Министерството за култура и туризам информира дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат своите плати со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно со Закон и Колективниот договор.
Причините за доцнењето, според соопштението е заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии.
Претходно денеска Синдикатот реагираше дека се оставени без плата за големиот христијански празник.
Македонија
(Видео) Костова: За Владата може да има папаја и луксузи, за работникот трошки на софрата

Празниците треба да се денови на спокој, меѓусебна поддршка и грижа. Но со актуелната власт на ДПМНЕ работниците немаат спокој ниту на празник, истакна на денешната прес-конференција Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ.
„Во овие празнични денови, на Велигден, Владата ги остави без плата културните работници, вработените во Центрите за социјална работа, работниците во Државниот трудов инспекторат, Државниот пазарен инспекторат, во Министерство за економија.
Овие граѓани празникот ќе го дочекаа во неизвесност и разочараност, без можност да си ги подмират основните потреби. ДПМНЕ грубо и без грам совест го крши законот за исплата на плати на сите вработени до 15 во тековниот месец за претходниот месец. Или за Владата на Мицкоски не важат законите или воопшто не им е грижа за работниците“, вели Костова.
Вистинското лице на Владата на ДПМНЕ, според неа, е тотална незаинтересирност за граѓаните.
Додава дека платата не е награда, таа е основно загарантирано законско право на секој работник.
„До таму дојдовме да во Македонија веќе не се зборува за економски развој, туку дали власта може да ја исполни законската обврска – исплата на заработената плата.
За Владата може да има папаја, манго и луксузи- за работникот трошки на софрата. Ова е врв на неодговорност и неспособност.
Вработните во јавниот сектор заслужуваат да ја знаат вистината- зошто не им е исплатена платата и кој ќе сноси одговорност за тоа“, праша Костова.
Како што оценува, за овие 10 месеци животот на работниците се претворил во преживување од месец во месец. Животниот стандард, додава таа е на дното, цените и сметките континуирано растат.
Нагласи дека македонскиот работник е со најниски плати во регионот, а власта го одби секое барање за покачување на платите.
„Ова е сликата на “новото нормално” – луксуз за власта, празни џебови за сите други“.
Барамат итна исплата на платите на вработените во јавниот сектор.
Македонија
Директорот на БЈБ во посета на граничните премини Дојран и Богородица: отворени нови линии за побрз премин

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи Александар Јанев присуствуваше на Граничниот премин Дојран каде се поставени, оспособени и од денеска функционираат две нови контролни точки, а истовремено се отворени и две нови линии за премин.
„Овој значаен чекор претставува резултат на заедничката идеја што ја инициравме пред неколку месеци заедно со колегите од ГП Дојран и Регионалниот Центар Југ. Денес, таа идеја стана реалност“, истакна директорот на БЈБ Јанев, дополнувајќи дека по децении, по транзиции на држави и администрации, ГП Дојран добива нова димензија, нов изглед кој овозможува побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила. Со новите капацитети значително се намалува времето на чекање, особено во периодите со зголемен сообраќај.
„Овој проект не е значаен само за локалната заедница – регионот, туку и Македонија како и странските туристи кои добиваат вистинска можност за полесно и побрзо преминување на границата со Грција, преку ГП Дојран. Веруваме дека ова ќе придонесе за зголемување на туризмот, економска размена и уште подобра поврзаност меѓу двете земји. Ова е само уште еден доказ дека кога има волја и визија – резултатите не изостануваат“, рече Јанев.
Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи денеска исто така оствари и работна посета и на ГП Богородица, каде директно од прва линија ја увиде контролата и протокот на патници и сообраќај.
„Со новопоставениот раководител на ГП Богородица разговаравме за важноста на оваа контролна точка, за потребата од професионално, одговорно и посветено работење на сите полициски службеници кои работат на овој премин. На колегите им нагласив дека постојано се залагам и ќе се залагам за унапредување на условите, знаењето и посебно модернизацијата на полицијата со помош на современите дигитални алатки, кој секој полициски службеник треба да ги гледа и користи како придобивка и олеснување на работењето а не како терет или појава од која треба да се плашат. Нагласив и дека носењето на полициската униформа не е само професија, тоа е гордост и обврска, со што се претставува државата и секој униформиран полициски службеник има чест да биде репрезент на националните вредности“, дециден беше Јанев, заклучувајќи дека се продолжува со посветеноста кон унапредување на граничната инфраструктура и создавање услови за модерен, ефикасен и безбеден граничен премин за сите граѓани.