Македонија
Сончево и студено со утринска температура под минус 10
Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од -4 до 6 степени.
Во Скопје сончево и студено со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде денес и утре кога на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. В недела и понеделник ќе има појава на утринска магла во одделни котлини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Максим Димитриевски: Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово
Кандидатот на ЗНАМ за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, прогласи победа на изборите.
„Ова не е моја победа, ова е победа на Куманово“, рече тој вечерва.
Се заблагодари на сите за поддршката и кажа дека ја примил честитката од неговиот противкандидат.
„Моја обврска е да продолжам да работам за мое Куманово, но и ЗНАМ да се етаблира на политичката сцена. Што се однесува до ниската излезност пораката е сфатена. Оваа победа не беше лесна со оглед на тоа што знаевме кој е на другата страна и кои лоби и групации ги поддржуваа“, кажа Димитриевски.
Противкандидат на Димитриевски во трката за градоначалник беше Горан Стојковски – Диро, независен кандидат.
Македонија
Митески: Голема победа во Аеродром со 18 илјади гласа
Кандидатот за градоначалник на Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески упати благодарност за можноста да ја води општината во наредните четири години.
Тој вели дека ќе ја оправда довербата што му е дадена.
„Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!“, кажа Митески.
Македонија
Владко Грозданов нов градоначалник на Кочани
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за градоначалник на Општина Кочани, Владко Грозданов, прогласи победа на изборите.
„Драги мои сограѓани,
чест ми е да ви се обратам исполнет со посебно чувство на одговорност и искрена благодарност.
Благодарност за вашата доверба, која ми ја дадовте со вашиот глас и којашто за мене не е само победа, туку драга народна задача.
Како што ветив, ќе работиме со чист образ од првиот до последниот ден.
Ви благодарам што верувавте во мене и во нашата заедничка визија.
Време е за неуморна работа за да сплотени го оствариме заслужениот сјај и развој на Кочани.
Со почит и посветеност,
Д-р Владко Грозданов,
ваш Градоначалник на Општина Кочани“, објави тој на „Фејсбук“.

