Македонија
Сончево со умерена облачност и температури до 19 степени
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 17 степени.
Утре ќе преовладува сончево време со ниски утрински температури. За време на викендот во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Љупчо Палевски-Палчо ја помина првата ноќ во затворот во Шутка
Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски ја помина првата ноќ во затворот во Шутка откако вчера беше екстрадиран во Македонија.
По околу 5 месеци од неговото апсење во турскиот град Баликесир тој вчера беше спроведен со редовен лет на скопскиот аеродром.
Кривичните дела за кој е осомничен се „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“. Двете жртви, 14-годишната Вања и велешкиот фризер Панче, беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември лани. Нивните беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.
Во овој случај како петоосомничен се јавува и таткото на Вања. Тој се гони за помагање во делото грабнување кој во моментов се наоѓа во домашен притвор.
Скопје
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во источните делови. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Скопје
Делови од општина Карпош денеска без струја
ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош.
· во пеиодот од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во село Горно Нерези во општина Карпош.
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот корисниците од дел од улицата Ринхини и улицата Езерци – населба Влае во општина Карпош.