Македонија
Спасовски во Пробиштип: Градот заслужува да биде поддржан а најмногу рударите и работниците
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на покана на градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов, се обрати на Свечена седница по повод одбележувањето на традиционалната манифестација, чествувањето на Денот на рударите 28 август, датум на кој што воедно се одбележува и 68.Годишнината од постоењето на општината Пробиштип.
„Секогаш е задоволство да се биде гостин во Општина која ниже успеси, којашто се развива низ проекти кои се од интерес за граѓаните и која од година во година може да покаже дека е понапред од претходната година. Слободно можам да кажам дека Пробиштип стана препознатлива како општина која е многу понапред од другите општини, не само во регионот туку и пошироко, и сметам дека е една од општините која интересот на граѓаните го става пред се’ и затоа секојдневно се борат за проекти за финансирање на активности и се’ она што е потребно за развој на градот, за зголемување на квалитетот на живот. Едноставно локална самоуправа која се бори за секој еден граѓанин”, истакна Спасовски. Ја потенцираше добрата соработка на локалната самоуправа со рударите.
„Исклучително е важно што постои добра соработка помеѓу Општината и рудникот, или генерално стопанството во општината. Пробиштип како рударски град навистина заслужува да биде поддржан во секој поглед, меѓутоа најмногу да бидат поддржани рударите, да бидат поддржани работниците. Тоа е основно мото на нас како Влада која како иделогија ја има поддршаката на работниците, граѓаните, земјоделците, оние кои најмногу им е потребна таа помош. Како Владата стоиме на располагање за граѓаните на Пробиштип за секој еден проект од интерес на граѓаните. Им честитам на сите рудари затоа што со својата посеветена работа придонесуваат за развој на општината и државата”, рече министерот Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја корисници од село Долно Лисиче
Без струја од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисници од село Долно Лисиче (објекти на патот кон Драчево и ул.„10“), најави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.
Прекинот е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа.
Македонија
Времето променливо облачно со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Пендаровски ја напушти Вила Водно, им се заблагодари на граѓаните и соработниците
Експретседателот на државата, Стево Пендаровски, чијшто мандат заврши денес, преку социјалните мрежи упати благодарност до граѓаните и своите соработници.
„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“, напиша Пендаровски.
Претходно тој во Вила Водно ја пречека новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, пришто свечено и’ ја предаде функцијата, а и’ ja честита и победата.
Пендаровски беше петтиот претседател од осамостојувањето на државата, а функцијата ја презеде во 2019 година од дотогашниот претседател, Ѓорге Иванов.
По престанокот на функцијата, на секој претседател му следат низа на доживотни бенефиции. Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, претседателот има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.
Пендаровски неодамна изјави дека по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија, ниту пак средства за отворање на канцеларија, туку ќе се врати на работното место професор.