Контакт

Македонија

Спасовски и Грковска на средба со ЕВР Гази Баба: Голема ефикасност во откривањето на сторителите на кривични дела

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, остварија работна средба со раководството на СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Гази Баба, со цел да извршат увид на реализираните активности, да се видат и резултатите од инвестициите во подобрување на стандардите на работењето на полициските служби, што беа започнати во 2017 година, во насока на поголема безбедност на граѓаните овде.

dobivaj vesti na viber

Од страна на вицепремиерката Грковска беше истакнато дека подобрувањето на условите за работа на институциите директно влијаат во борбата со корупцијата и организираниот криминал.

Заменичката на претседателот на Владата, Славица Грковска, упати честитки за зајакнатата доверба на граѓаните во полицијата, благодарение на покажаните резултати, што според неа е голем успех, имајќи го предвид незадоволството од другите институции во ланецот надлежни за борба со криминалот и корупцијата.

Грковска го поздрави и трендот на зголемување на бројот на жени меѓу полициските службеници, кој во ЕВР Гази Баба изнесува 20% и претставува голем исчекор споредено со состојбата во минатото. Поздравувајќи ги континуираните напори на министерството за модернизација на единиците на МВР низ земјава, таа подвлече дека со оглед на фактот што полициските службеници се на првата линија во борбата со криминалот, навистина е неопходно да имаат достоинствени просторни и технички услови за работа.

„Сакам да го поздравам тоа што МВР започна со обуките и тестовите за интегритет, што значи исполнување на уште една препорака на ГРЕКО, а којашто оди во насока на зајакнување на човечките капацитети и зголемување на свесноста колку е интегритетот важен, особено за вакви професии“, изјави Грковска по средбата.

Министерот за внатрешни работи Спасовски информираше дека при посетата на ЕВР Гази Баба, беше брифиран од раководството за постигнатите резултати во текот на 2023 и за приоритетите кои следат во 2024.

„Сакам да истакнам дека сите резултати кои се постигнати на територија на ЕВР Гази Баба, која опфаќа 200.000 жители, се вклопуваат во генералниот амбиент на безбедносната состојба – мирна, стабилна и без индиции на нарушување. Второ, имаме намалување на криминалитетот и зголемување на ефикасноста. Овде имаме малку поголема ефикасност од просекот во другите СВР-а. За одбележување е дека имаме намалување на нарушувањата на јавниот ред и мир, меѓутоа и огромната откривачка активност во делот на нарушителите на јавен ред и мир“, рече Спасовски, додавајќи дека над 90% од нарушителите на јавниот ред и мир се откриени.

Тој ја потенцираше и големата ефикасност во откривањето на сторителите на кривичните дела на ова подрачје.

„Трета работа, што е исклучително важна за сите нас – немаме нарушување на јавен ред и мир, насилства или друг вид на конфликти кои што доаѓале помеѓу ученици поради меѓунационалните односи. Оваа година практично немаме ниту еден ваков настан, што е исто така за одбележување, и тоа треба да ни биде пример и за понатаму. Секако дека ЕВР Гази Баба од пред една година го има објектот, еден – би рекол – од најубавите објекти, го реконструиравме и тоа е еден од 80-те објекти коишто по сите стандарди за енергетска ефикасност, заштита на животна средина, е реконструиран и на тој начин обезбедивме добри услови за работа на полициските службеници, меѓутоа и добри услови за остварување на правата на граѓаните, за сите коишто гравитираат кон ЕВР Гази Баба“, изјави Спасовски, упатувајќи им порака ова да биде мотив на сите, а посебно за полициските службеници да продолжат со реализацијата на стратешките приоритети на МВР и идната 2024 година да работат повторно во намалување на криминалитетот и зголемување на ефикасноста, како единствени релевантни мерливи статистички податоци коишто ја покажуваат активноста на МВР.

Македонија

Без вода дел од општина Карпош

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека во недела, на ден 16.06.2024 година, поради дефект на огрлица од ф – 80 мм на ул. Љубица Георгиева бр.3, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ул. Љубица Георгиева. ( општина Карпош )

dobivaj vesti na viber

-поради три улични дефекти од ф – 80 мм ул. Девол – крак 2 и Девол – крак 11, како и ул. 1010 б.б, во периодот од 10.00 часот па се до отстранување на дефектите без вода ќе останат корисниците од ул. Девол, Девол – краци – 2 и 11, ул. 1010, како и дел од корисниците одул. Жданец. ( општина Карпош )

Прикажи повеќе...

Македонија

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Објавено пред

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование, а  Сафије Садики Шаини за заменик министерка за односи меѓу заедниците, информира Алтернатива.

dobivaj vesti na viber

Муртезани е поранешен генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.

На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер за образование и наука, при што исто така едногласно било одлучено да биде проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.

„Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и  потпретседателка на Алтернатива“, стои во соопштението.

На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

„Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да има претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива“, соопштија од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лифт потиснал и заробил куче, го спасија пожарникари од Прилеп

Објавено пред

Центарот за управување со кризи информира за несекојдневна ситуација во Прилеп каде пожарникари спасиле куче заглавено во лифт.

dobivaj vesti na viber

„Пожарникарите од ТППЕ Прилеп, покрај гасењето на пожарите во населени места и на отворено имале имале уште една помала техничка интервенција за безбедно извлекување на куче коешто било потиснато и заробено од лифт во ООУ ‘Кочо Рацин’. Интервенирано е со едно возило и двајца пожарникари“, велат од Центарот за управување со кризи.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Муртезани, поранешниот генерален директор во МЕПСО и МЖ е кандидат за министер за европски прашања на Алтернатива

Орхан Муртезани е кандидатот од Алтернатива за министер за евроинтеграции, додека Љуљзим Алиу е предложен за заменик министер за образование,...

Свет12 часа

„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг

Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето,...

Македонија17 часа

ОЈО за двојното убиство: Сопругот ја тепал, па зела нож и ги убила него и свекорот

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36 – годишна жителка на Кратово, осомничена дека сторила...

Топ19 часа

Детали за двојното убиство во Кратово: со години пријавувале семејно насилство и убиените сопруг и свекор и 36-годишната осомничена

Пријави за семејно насилство му претходеле на двојното убиство во Кратово.  За неколку години имало неколку пријави и од 36-годишната...

Спорт22 часа

Почина голманот на Црна Гора, му се слошило утрово во Будва каде што бил на одмор

Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ (26), почина утринава околу 6:30 часот во Будва, каде што беше...

Европа23 часа

Еден убиен и еден повреден во пукање во маркет во Грција

Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесенo во...

Македонија1 ден

Земјотрес вечерва почуствуван во подрачјето Штип-Радовиш

Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип...

Македонија2 дена

Гаши оствари средба со Пападополу: Северна Македонија има искрен пријател во Грција

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на Република Грција Aлександра...

Македонија2 дена

Условно осудени седум лица за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди врз основа на предлог-спогодби со седум лица обвинети како соизвршители на кривично дело...

Македонија2 дена

(Фото) Ослободено мече, кое утрово било заглавено на дрво во Маврови Анови

Утрово, во 7.35 часот, на 112 е добиена пријава за заглавено мече во гранките на дрво во двор на викендица...

Топ2 дена

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Вчера вечер, полицајците во Кратово уапсиле 36-годишна жена која е осомничена дека со остар предмет ги убила сопругот и свекорот,...

Македонија2 дена

ЦУК: 11 пожари на отворено, во Светиниколско изгореа куќа и четири помошни простории

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 122 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи...

Европа2 дена

Украинската армија: Соборивме седум проектили и 17 руски беспилотни летала

Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во...

Свет2 дена

Израел ја бомбардира Газа, тензиите растат и на границата со Либан

Војската на Израел денеска продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа без напредок во разговорите за прекин на огнот, заедно со...

Регион2 дена

Четиригодишно девојче добило изгореници додека пливалo во Грција: откриено што ја каснало

Четиригодишно девојче добило страшни изгореници додека пливало во морето во Грција, а откриено е дека ја изгорела морска анемона додека...

Регион3 дена

Сахарски песок повторно доаѓа над Балканот: „Силно влијае на квалитетот на воздухот“

Според прогнозите на Службата за следење на атмосферата Коперник (CAMS), оваа недела се очекува нова епизода на сахарска прашина да...

Македонија3 дена

Несреќа кај мостот Беласица, огромни гужви кај Транспортен центар

Огромни гужви кај Транспортниот центар во Скопје поради сообраќајна незгода. Две возила се судрија кај мостот „Беласица“. Колони возила некое...

Македонија3 дена

Османи – Пападопуло: Почитувањето на преспанскиот договор и поддршката од Грција клучни за нашата европска интеграција

На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во...

Економија3 дена

„Лидл“ почнува да го гради првиот маркет во Скопје, за 9,5 милиони евра го купи објектот на „Бриколаж“

Лидл почна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од...

Македонија3 дена

Прекршувањето на договорот од Преспа ќе ја доведе до егзистенцијален предизвик иднината на Северна Македонија, велат Заев и Ципрас

Поранешните премиери на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во заедничката колумна на веб-порталот „Еуроактив“ велат дека преспанскиот...