Македонија
Спасовски: Прва работа по формирањето на Владата ќе биде расчистување со груевизмот
Покажавме дека знаеме да се бориме за правдата и срушивме режим. Исправивме многу неправди, овозможивме луѓето слободно да се изразуваат, вработуваат, да ги остваруваат своите права што им следуваат по закон. Следува расчистување и во правосудството кое работи според нарачки од груевизмот, се некои од пораките на носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на вечерашната централна граѓанска трибина на коалицијата Можеме, во Скопје.
„ Денеска бев во моето родно Куманово, имав многу средби и со млади луѓе, ми остави впечаток еден говор на еден млад човек, кој рече -`се ова што го бараат моите врсници е базирано на слобода. И сега ми одѕвонува во мислите. Сработивме и на полето на правдата и полето на правичноста.
Денес нема одлука некој како Томче Кежаровски, да го ставите во затввор за напишан текст – тоа никогаш повеќе нема да го дозволиме. Правда е да го решите прашањето на 12.000 стечајни работници да земат по 8.000 денари за егзистенција. Правда е текстилните работнички наместо 6.000 илјади плата, да земаат 14.500 денари.
Правда е и да не ви се закануваат и уценуваат – да добиете работно место какво што заслужувате, а не преку партиска книшка. Правда е и да не ве апсат со пиштол во уста како Љубе – и тоа никогаш повеќе нема да се случи“ посочи Спасовски.
Тој рече дека денес е правда и да не се носат одлкуки по принципот „Ало судија“ и неправедно да се разрешуваат судии како што се случи со Виолета Дума.
„ Но ќе се случи разрешување на сите судии кои работат со нарачки од остатоците од груевизмот. Ред дицсиплина и правда е еден од нашите столбови на којшто се обврзуваме.
Мора да има ред во институциите, во администрацијата, мора да има и дисциплина, да се почитуваат законите“ рече Спасовски кој додаде дека правдата се зацврстува со донесениот Закон за јавно обвинителство што стапи на сила, а за којшто режимот претставен преку Мицкоски правеше `се што е можно за да не се донесе.
„Сите криминалци да одговараат беше нашата цел и со овој закон успеавме во тоа. Првата работа што ќе ја направиме – ќе ја испитаме имотната состојба на секој судија и јавен обвинител, колку имале и колку имаат. Правда е и да бидат разрешени судии по автоматизам кои намерно застаруваат предмети. Ќе има и ревизија во работењето на 5 проценти од судиите, по случаен избор – како и на кој начин пресудиле, дали правдата била пресудна или се јавиле Михајло, Филимена, Груевски или некој друг од режимот“, најави Спасовски.
Тој повика да излеземе на изборите на 15 јули затоа што се носи важна одлука.
„Изборите се безбедни. Секој знае дека оваа коалиција Можеме, предводена од СДСМ, е сигурниот иден победник на 15 јули, но работата не е завршена сега, ќе биде завршена на во 21 часот во среда, да излеземе сите заедно и да гласаме за Можеме и број 3, за победа“ порача Спасовски од граѓанската трибина вечерва во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

