Македонија
Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење
Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче, во својство на претседател на комисијата за здравство на СДСМ , за време на централната трибина на коалицијата „Можеме“ во Скопје.
„Се соочуваме со најголема здравствена криза во последните сто години. Гледавме страшни сценарија од Европа, од светот , па и од соседството, а последните информации говорат дека косовскиот здравствен систем е пред колапс.-истакна Филипче на почетокот од обраќањето.
„Ама ние не видовме такви сценарија кај нас. Не видовме ниту преполни болници, ниту пациенти по ходници , ниту колони возила на итната медицинска помош. Не видовме затоа што реагиравме навремено. Ги следевме препораките на СЗО, ги опремивме болниците, направивме мобилна клиника, купивме заштитна опрема за здравствените работници, го надградивме системот за тестирање,тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи со што го прекинуваме ланецот на ширење на заразата“истакна Филипче.
„Бевме свесни дека граѓаните мора да ги знаат точните информации и да не оставаме простор за создавање на паника. А наспроти ова беше опозицијата која ширеше лажни вести, заплашуваше, се закануваше и шпекулираше за бројки на пациенти, за починати лица и тестови“, посочи Филипче.
Тој додаде дека ваков деструктивен однос кон здравствениот систем опозицијата правеше цели 10 години, а нај разочарувачки е блокирањето на 33 милиони евра европски пари кои сега требаше веќе да бида вложени во подготовка на здравствениот систем за есенскиот период.
Изминатите три години направивме крупни промени во здравствениот систем. Инвестиравме во инфраструктурата, реновирани се над 40 одделенија во болниците, го решивме клиничкиот центар, нема веќе сообраќаен хаос, после 50 години е направен транспорт низ клиничкиот центар.
Филипче зборуваше и за инвестициите во терапии, лекови меѓу кои и седум нови лекови за ретките болести, нова биолошка терапија за лицата со карцином, набавката на нови вакцини, инвестиции во нови методи како пресадување на коскена срцевина.
„Инвестиравме и во знаењето на луѓето. И благодарение на тоа, пред 2 месеци во екот на кризата, за првпат се направи трансплантација на срце. Тој пациент е жив и здрав. И утре ќе си иде дома кај семејството. Да не се направеше тоа немаше да преживее“, изјави Филипче.
„Просечната плата на лекар специјалист сега е над 100 илјади денари, а беше 60 илјади. За само 2ипол години. За 25% зголемени платите на медицинските сестри. Секој млад лекар добива загарантирана платена работа во здравствен дом. Над 5000 согласности за вработување. Вработени се над 900 лекари. Над 1000 медицински сестри. Минатата недела, 68 лекари положија испит и добија лиценца за работа во лекарската комора. Пред 2 дена, 37 сакаат да работат во одделенијата со пациентите со ковид, другите во патронажните сервиси. Ниту еден не сака да замине.
Покажавме дека здравствените работници се столбот на здравствениот систем, ама во оваа криза и на нашето општество. Покажаа како се одржува здравствениот систем, како се работи чесно, пожртвувано и како се чува државата.
На 15 јули вие ќе изберете кој ќе продолжи да ја води оваа држава. Дали тоа ќе биде тимот којшто покажа како се води држава во криза. Или ќе се вратиме назад во времето на репресија и на понижување.
Ако делите барем дел од ентузијазмот, вербата и желбата што јас вечерва ја чувствувам ние сме победници“, порача Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.