Македонија
Сугарески: Гасоводот на Водно ќе се гради, имаме национален консензус за гасификацијата
На гасоводот на Водно се работи во моментот и засилено ќе се работи в година, рече денес министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој тврди дека ги надминале проблемите со екологистите со тоа што ја стесниле трасата на гасоводот и најавиле пошумување. За гасификацијата, Сугарески вели дека има и национален консензус и изградбата мора да продолжи.
„Сите сте сведоци дека имавме преговори со екологистите и во голема мера не само на преговорите во Град Скопје и во Министерството за животна средина ние ги дадовме сите аргументи и постапивме по она што го дадовме во делот на стеснување на трасата, а јас и сега сум на тврдење дека сè она што ќе значи пошумување, ќе биде направено таму. Меѓутоа, да не заборавиме, гасификацијата е еден од најстратешките проекти и во делот на ефектите за животна средина што требаше да се направат не само поради тоа што е владино ветување, туку, генерално, државата се определила. По ова прашање има национален консензус од сите политички партии. Ние сме на мислење дека тој процес мора да продолжи и ќе продолжи“, рече министерот Сугарески.
Истовремено со градежните работи на Водно, министерот Сугарески објасни дека се работи и на гасоводот кај Неготино како и на кракот Кавадарци, Прилеп, Битола. За изградба на гасоводот в година Министерството за транспорт предвиде 1,5 милијарда денари.
Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“, пак, денес од градоначалникот на Скопје побара итно да се донесе специјален закон за заштита на Водно. Од иницијативата и понатаму стојат на ставот дека гасоводот не треба да минува низ Водно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.

