Македонија
Судии од Кривичниот суд донирале по 200 евра за борбата против Ковид-19
Судиите од Кривичниот суд донирале по 12 илјади денари за борба против пандемијата на вирусот Ковид-19. За оваа намена донирале вкупно 48 судии, а петмина одбиле.
Во соопштението на судот се вели дека со ова судиите обезбедиле 50-ина плати и барем за еден месец спречиле отпуштања работници, кои се најзасегнати од последиците поврзани со коронавирусот.
„Како никогаш досега, со исклучок на пет судии, судиите од Кривичниот суд покажаа единство, колегијалност, а воедно и чувство на солидарност, правичност и етичност со граѓаните, па имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓа државата, донираа вкупно 575.320 денари или во просек по 12.000 денари од судија, што е повеќе од 20 отсто од судиската плата“, стои во соопштението.
Кривичните судии велат дека со ова ги поттикнуваат и ги повикуваат, односно ги предизвикуваат сите граѓани со примања над 40.000 денари, како и сите други функционери, да го следат овој пример.
„Имајќи предвид дека примањата по разни основи (плати, додатоци, авторски права и сл.) на некои од адвокатите, нотарите, сопствениците и уредниците на медиумите, директорите и раководителите во банките, телекомуникациските оператори, ЕВН, претседателите и нивните соработници во синдикалните организации, сопственици на угоститлски објекти и обложувачници се повисоки од оние на судиите во Кривичниот суд, ги предизвикуваме да покажат доблест и солидарност, да донираат сразмерно со своите примања, а потоа да повикаат и други граѓани да донираат со цел да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно“, се вели во соопштението.
Првично, со одлука на Владата, предвидено беше сите избрани и именувани функционери да земат минимална плата, односно 14.500 денари за април и мај.
Токму Здружението на судиите, незадоволни од ваквата владината уредба, нешто што предизвика жестоки реакции во јавноста, поднесе инцијатива до Уставниот суд.
По иницијативата на Здружението, судот ја замрзна одлуката, а потоа и ја поништи, што практично значеше дека избраните и именувани функционери, судии и обвинители, ќе ја земаат целата плата за април и мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

