Македонија
Таравари ги повикува противкандидатите на јавна дебата за иселувањето на младите
Како што веќе најавив на неколку телевизиски настапи, следните недели до претседателските избори од 24 април, ќе ги искористам да ги ислушам и консултирам граѓаните за приоритетите како следен претседател на државата, порача на денешната прес-конференција претседтелскиот кандидат на албанската опозиција Арбен Таравари.
-Рамазан е месец на рефлексија, каде со фокусирање на нашата вера, мораме да ги зајакнеме чувствата на солидарност и поддршка во нашата заедница, разговарајќи за тоа како можеме да работиме заедно за да ги надминеме предизвиците кои влијаат на нас како општество. А каде има поголем предизвик за нашето општество и нашите семејства од раната на емиграцијата што ги раздвојува семејствата и не одвојува од нашите најблиски?“, вели Таравари.
Како што додава, само во периодот 2011-2019 година, според владини извори, 700.000 граѓани ја напуштиле Северна Македонија или секој четврти граѓанин.
„Овие податоци се потврдени со пописот на населението од 2021 година, каде што, на пример, мојот Гостивар изгубил 36% од населението. Значи за двајца гостиварци во татковината имаме еден во егзил. Овој тренд се зголеми експоненцијално во текот на изминатите 5 години. Според некои податоци објавени од Институтот Арбен Џафери, само во 2021 и 2022 година во Германија заминале 85.000 граѓани на Северна Македонија, главно млади и квалификувани луѓе. Значи, со алармантна брзина го губиме највиталниот дел од нашето општество, со долгорочни последици за работната сила, за развојот и за економската перспектива на земјата. Оваа чума мора да се запре пред да биде предоцна. Мора да дејствуваме сега со заеднички разговори како ќе пристапиме кон овој егзистенцијален проблем на нашата земја“, дополнува Таравари и додава:
„За таа цел, ќе организирам јавна трибина на тема спречувљње на иселувањето. Трибината ќе се одржи во сабота, во 12.00 часот, во Општина Тетово. Ја користам приликата јавно да ги поканам сите претседателски кандидати да учествуваат на оваа трибина која третира тема што навистина ги засега граѓаните. Повелете, ве повикувам да разговараме за оваа приоритетна тема за сите нас и очекувам секој кандидат позитивно да одговори на поканата“, вели Таравари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени
Времето денеска е биде променливо облачно и релативно топло, велат од Управата за хидрометеорологија (УХМР). Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, првин во западните делови ќе има врнежи од дожд.
На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

