Македонија
Трет ден протести пред Владата на организаторите на настани

Претставниците на секторот за организација на настани и денеска ги продолжуваат протестите пред Влада од 12 до 15 часот.
Тие велат дека досега никој не ги контактирал ниту, пак, некој покажал подготвеност за надминување или решавање на ситуацијата.
„Можеби им се допаѓа музиката што ја пуштаме, па сакаат да продолжиме. Инаку, ИВАП е членка на Паневропската алијанса LiveCom Alliance, во која членуваат речиси сите европски држави, и ќе биде известена за третманот кон оваа значајна општествена гранка. Преку Алијансата нашиот апел ќе стигне до Брисел, каде што ивент-индустријата беше препознаена уште минатата година и соодветно помогната“, велат оттаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.