Македонија
Тројцата новозаболени од коронавирус се од Скопје
Трите лица на кои им е дијагностициран коронавирус се од Скопје. Станува збор за сопружници од Скопје, кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а материјалот за тестирање го однел член на семејството. Третиот пациент е исто од Скопје, а симптоми имал една недела, а сите лица со кои биул во контакт се мапирани и се чекаат резултати од тестовите на членовите на неговото семејство.
„Стабилна е состојбата на пациентите, како и на пациентката што е на респираторна машина. Во земјата има регистрирано 26 заболени пациенти. Утрово се тестирани 10 пациенти, позитивни се тестовите на 3 пациенти, кои се тестирале на Клиниката ‘Жан Митрев’. Денеска, во Инстиутот за јавно здравје ги направивме повторно тестовите на овие пациенти и се потврди нивниот резултат. Станува збор за пациенти од Скопје. Еден, кој имал симтоми една недела, и неговите контакти се мапирани и се изработуваат тестовите на членовите на семејството на овој пациент. Понатаму, фамилија сопружници, кои престојувале во странство и дошле во нашата држава пред неколку дена. Вчера, член на семејството ги однел материјалите на Клиниката ‘Жан Митрев’, и имале позитивни резултати. Првиот пациент е сместен на Инфективната клиника, сопружниците се сè уште на домашно лекување, тие во текот на денот ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Филипче рече дека брачната двојка патувала во Бугарија, а пациентот од Скопје имал гости од Србија пред да му биде дијагностициран коронавирусот.
„Пациентот од Скопје имал гости од Србија. Тоа се епидемиолошките податоци кшто ги имам засега. Тие наводно се заболени. Им се јавуваат на тие луѓе, а со соодветните информации ќе ги известиме и српските здравствени власти. Толку колку што знам досега, ќе известиме и со соопштение за другите тестови за членовите на семејството. Брачната двојка патувала во Бугарија, дошле тука, биле на домашно лекување. Тоа се податоците со кои располагаат епидемиолозите од утринските контакти со нив од интервјуто. Така што, биле на домашно лекување и повторно самоиницијативно пратиле материјали-брисеви во ‘Жан Митрев’. Двајцата сопружници биле изолирани на домашно лекување“, рече Филипче.
Во однос на пациентката што допатувала со авион вечерта меѓу 12 и 13 март во Скопје, во тек се контактите и интервјуата на сите сопатници.
„Вчера имаше уште една пациентка, патничка што дошла од Холандија. Денеска веќе се во тек контактите и интервјуата на сите сопатници што патувале со истиот авион од Виена, кој слетал вечерта меѓу 12 и 13 март во Скопје. Ни се јавија и од австриската амбасада и ги дадовме сите потребни информации. Со тоа вкупната бројка на пациенти во нашата земја сега е 26, од кои 17 се во Скопје и 9 во Дебар“, рече Филипче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„ССМ и Трендафилов одбија 40% зголемување на платите во следните 2 години на штета на работниците, а по партиски диктат на СДС, ДУИ и Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица. ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.
Трендафилов е политичка марионета на СДС, а доказ за тоа е што договорот кој тој лично заедно со екс министерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.
Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.
Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците. Трендафилов е политичка марионета на СДС, ДУИ и Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)

