Македонија
Тројца починати и 96 нови заразени со ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 729 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 55, Битола – 10, Куманово – 8, Тетово – 6, Прилеп – 4, Кавадарци, Велес, Охрид, Штип и Крива Паланка – по 2, Неготино, Радовиш и Богданци – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.
Регистрирани сe 37 оздравени пациенти од: Скопје – 20, Куманово и Кавадарци – по 4, Велес – 3, Штип и Неготино – по 2, Битола и Берово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Прилеп (69г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, се регистрирани две починати лица од Скопје (81г и 91г), двете лица се починати во домашни услови.
Направени се 729 тестови: ИЈЗ-107, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-24, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–59, Жан Митрев (Филип Втори)-7, Авицена-15, Биотек 16, Систина-5, лабораторија Лаор-1, Синлаб-3, Ремедика-5, Плодност-2, Генеа-0, Никоб лаб-16, ВФВ Медикал-3, Ели Медика плус-4, Ројал Медика-0, Спектра-ММ-2, Рапид лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.
Досега во земјата се направени вкупно 2.168.157 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.775, бројот на оздравени пациенти е 332.806, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 435.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 161318, Активни 264
Куманово 18211, Активни 20
Битола 17923, Активни 24
Прилеп 15484, Активни 21
Тетово 14461, Активни 15
Кавадарци 12075, Активни 13
Велес 10796, Активни 17
Охрид 10305, Активни 14
Гостивар 10274, Активни 1
Струмица 8774, Активни 0
Штип 8751, Активни 11
Кичево 6070, Активни 7
Кочани 5544, Активни 0
Струга 5171, Активни 0
Гевгелија 4876, Активни 3
Неготино 4140, Активни 5
Ресен 3029, Активни 7
Радовиш 2835, Активни 3
Свети Николе 2793, Активни 0
Крива Паланка 2662, Активни 3
Делчево 2183, Активни 0
Берово 1873, Активни 1
Дебар 1812, Активни 0
Валандово 1600, Активни 0
Виница 1477, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 0
Кратово 1124, Активни 5
Богданци 1101, Активни 1
Крушево 1037, Активни 0
Демир Хисар 929, Активни 0
Македонски Брод 798, Активни 0
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.