Македонија
Трудо до Спасовски: Канада се гордее со поддршката за интеграцијата на Северна Македонија во НАТО
Канадскиот премиер, Џастин Трудо, во видеоразговор со премиерот Оливер Спасовски изразил задоволство од цврстата билатерална и значајна соработка и рекол дека неговата земја се гордее за поддршката што Канада ја изразувала за интегрцијата на Северна Македонија во НАТО и што во иднина двете земји ќе соработуваат поблиску како сојузници, соопштија од Владата.
Канада, истакнал Трудо, продолжува да ги поддржува напорите и аспирации на нашата земја за членство во ЕУ и упатил честитки што Владата во изминатите три години успеала да постигне значајни резултати и да надмине големи предизвици за да ги реализира евро-атланските аспирации на државата и на сите нејзини граѓани.
„Претседателот на Владата на Северна Македонија ја истакна одличната и континуирана соработка и партнерство со Канада и потенцираше дека со нашето членство и сојузништво во НАТО се отвораат дополнителни можностите за соработка, за што постои интерес од двете страни“, соопштија од Владата.
Спасовски и Трудо, преку видеоконференциска врска, се согласиле дека Ковид-19 е глобален предизвик и дека е потребен глобален одговор до кој треба да се стигне низ поблиска соработка преку мултилатералните институции.
Премиерот Спасовски во разговорот се заблагодарил за активната улога што Канада ја игра на глобално ниво во справување со Ковид-19, како и за помошта што Канада ја даде на Република Северна Македонија за надминување со последиците од коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.
Македонија
Силјановска-Давкова: Како одговорна граѓанка со својот глас ги удостоив и парламентарните и претседателските избори
Како одговорна граѓанка, со својот глас ги удостоив парламентарните и претседателските избори, информира Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседател на државата, по гласањето за парламентарни и претседателски избори.
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места беа отворени во седум часот, а беа затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните одлучуваа меѓу Гордана Силјановска-Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните избираат помеѓу 17-те изборни листи.