Македонија
УМС на ВМРО-ДПМНЕ со перформанс пред Влада: Лажеа дека јазикот, историјата и идентитетот се заштитени
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Владата со перформанс во врска со билатералниот протокол со Бугарија.
„Денес присуствувам на изложба пред Владата наречена Искреност. Најдесно од мене се гледа колку искрено експремиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев ни го соопштуваше датумот за почеток на преговори со ЕУ, кој освен фото можност и купи ден продај политика не се материјализираше во ништо друго. Ги гледавме во авиони како се сликаат, на социјалните медиуми, пред граѓаните во Шуто Оризари како лажат и предаваат.
До неа е изјавата на премиерот Ковачевски за јазикот, кој повторно исто како неговиот претходник искрено пред македонската јавност изјави дека јазикот е заштитен, за само по неколку дена портпаролката на ЕК и министерката за надворешни работи на Бугарија да го демантираат. Повторно само лаги и предавства. До неа е изјавата на премиерот Ковачевски за историјата за која искрено тврдеше дека нема да биде дел од преговарачката рамка за потоа да видиме во протоколот кој го потпиша неговиот министер Бујар Османи дека е сосема спротивно на тоа што го тврдеше Ковачевски. Повторно лаги и предавства.
И сосема на крај е изјавата дека почнуваме со преговорите за по само неколку дена министерката Генчовска да каже прво Бугарите во Уставот па Македонија ќе ги почне преговорите. Повторно лаги и предавства.
Ни останува прашањето, ако се исто толку посветени на државните интереси колку што се искрени дали на некому сè уште му е нејасно зашто македонскиот народ ги нарекува предавници?“ изјави Борис Шамбевски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.