Македонија
Утре облачно со обилни врнежи, в недела локален дожд и снег

Утре се очекува облачно време преку целиот ден со пообилни врнежи и на повеќе места ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен, а локално и над 40 литри на метар квадратен воден талог.
Во западните делови од раните утрински часови на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Во утринските часови ќе дува засилен ветер од југоисточен, а во текот на денот слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 3 до 10 степени.
Во Скопје ќе биде облачно преку целиот ден со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
В недела ќе има слаб локален дожд и снег, а од понеделник следува период на умерено до значително облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Владата ги остави граѓаните сами против пожарите, импровизацијата на Мицкоски скапо ја чини Македонија“, вели СДСМ

„Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите. Само еден ден откако завршија со ПР и сликање со импровизираните хермелини, реалноста им се удри од глава на Мицкоски и Ангелов. Минатата година изгореа речиси 10% од територијата на државата и тогаш СДСМ им беше крив за пожарите иакко додека СДСМ беше на власт за седум години изгоре помалку шума тколку за една година на ДПМНЕ. Ветуваа дека ова лето „ќе бидат подготвени“, а денес ја гледаме истата неспособност, истата незаинтересираност и истата импровизација“, соопшти СДСМ.
„Цела година имаа да набават опрема, да вработат пожарникари и да го подготват системот. Наместо тоа, Владата ниту набави нови возила, ниту ги сервисираше постојните, ниту навреме обезбеди кадар. Наместо модерни возила, сега ги адаптираат старите армиски хермелини кои не можат ниту да пристапат на тежок терен. Само лани владата набавила возила за функционерите и администрацијата од неколку милиони евра. Наместо да вработат обучени пожарникари со достоинствени плати, дури сега, во средина на летото, нудат сезонска работа за 24.000 денари, импровизација која може да биде и опасна за луѓето.
Владата имаше пари за службени возила за администрацијата, за советници со плати од 100.000 денари, ама за противпожарните бригади не. Оваа неспособност има цена што сите ја плаќаме, горат шуми, се уништува имот и загрозени се животи. Го прашуваме Мицкоски, кој е крив оваа година за пожарите, повторно ли е СДСМ?“, прашува опозициската партија преку своето соопштение.
Македонија
Пожар во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, не е загрозена безбедноста на пациентите и вработените

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, избил пожар како резултат на запалена сува трева.
Како што извести Министерството, пожарот веднаш бил пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено интервенирале и бил локализиран во најкраток можен рок.
„Од страна на болницата беа преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. Нема никаква материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. Работата на болницата се одвива непречено.
Интервенцијата траеше кратко и беше целосно завршена без потреба од евакуација или дополнителни безбедносни мерки“, соопшти МЗ.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата во сите јавни здравствени установи.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улицата Мијачка, општина Ѓорче Петров.