Македонија
Уште од моето стапнување на функцијата директор ветив резултати, токму Царинската управа е орган од чија работа најмногу се задоволни инвеститорите, вели Богоев
Уште од моето стапнување на функцијата директор на Царинска управа ветив реузлтати, а тоа се подобрување на условите за водење бизнис-партнерства со бизнис-заедниците и нула толеранција за корупција, организиран криминал и шверц, рече на прес-конференција Стеван Богоев, директорот на Царинската управа.
„Денешниот настан и резултатите од презементите активности говорат дека ефектите се видливи во последната анкета на советот на странски инвеститори. Токму Царинската управа е орган од чија работа најмногу се задоволни инвеститорите во државата“, рече Богоев.
Тој истакна дека е почнатa реформa за забрзување на трговијата и транспортот, имплементиран е национален едношалтерски систем.
„Станува збор за систем што ќе помогне во забрзувањето на транспортот и трговијата, во кој, освен Царинската управа како координатор во целиот процес, вклучени се и 16 државни институции. Новиот систем ќе овозможи целосна дигитализација на издавањето дозволи, лиценци и нивно плаќање, колективно користење на податоците од страна на институциите, моќност за комуникација со системите од други земји, издавање дозволи на еден покрив. Тој треба да ги намали трошоците за времето на чекање потребно за извршување на извозните и увозните постапки. Ова ќе овозможи олеснување на трговијата, забрзување на транспортот, забрзана интеграција во ЕУ, а со тоа зголемување и на конкурентноста на македонските компании и подобрување на условите за водење бизнис“, посочи Богоев и додаде дека истовремено преку имплементација на системот, ќе се овозможи унапредување на анализата на ризик за сите институции што се вклучени во издавањето дозволи во прекугранична трговија, со што ќе се намали бројот на контроли, а истовремено ќе се зголеми квалитетот на услугите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

