Македонија
(Видео) Филиповски: За паднатиот ѕид во Пинтија Орце Ѓорѓиевски да спроведе истрага и да бара одговорност од Коце Трајановски

Потпорниот ѕид што вчера се урна овде во населба Пинтија, уште еднаш на дело ја покажа неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, обвини Дарко Филиповски, советник во Советот на општина Кисела Вода.
„ Додека потрошија над 600 милиони за споменици, барок и палми ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде очигледно побитни биле провизиите отколку квалитетот.
Показател за тоа е и овој потпорен ѕид кој вчера се урна и чиста среќа е што при тоа нема човечки жртви. За овој катастрофален пропуст мора да им одговорност и од изведувачот, но и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски“ додаде Филиповски.
Тој изјави дека градоначалникот Ѓорѓиевски исто како и градоначалничката Данела Арсовска освен што ја партизирал општината, народните пари ги трошел на непродуктивни трошоци, а во првите седум месеци од мандатот не сработел ништо за граѓаните и општината.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните, порача Филиповски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.
Македонија
Предложен притвор за кичевецот кој утрово со секира си го уби таткото и тешко ја повреди мајка си

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против кичевец осомничен за кривични дела убиство и обид за убиство.
„При вршење семејно насилство рано утрово, во дворот на семејната куќа во селото Србјани, осомничениот 47-годишник го лишил од живот својот татко, а се обидел да ја убие и својата мајка. При вербална расправија, со нож и секира најпрво го нападнал таткото, прободувајќи го по телото и удирајќи го со секирата по главата. Потоа и нанел убоди со нож во вратот и на неговата мајка. Од многубројните повреди оштетениот маж починал при укажување прва помош, а жената е пренесена на Ургентниот центар во Скопје во тешка состојба“, извести вечерва Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Осомничениот беше уапсен откога самиот пријавил во Итната медицинска помош дека ги нападнал родителите.