Македонија
ЦУК: Сите 19 пожари се изгаснати
Според утринските информациите од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи, пожари на отворено, вчера имало вкупно 19 и сите се изгаснати од противпожарните тимови на институциите од Системот за управување со кризи.
Изгаснатите 19 пожари на отворен простор, од кои 6 се доизгасени рано утрово, биле во:
– општина Аеродром, три пожари, кај гробиштата во населба Ново Лисиче (каде што горела ниска вегетација), кај село Горно Лисиче (ниска вегетација) и покрај улицата Вардарска (ниска вегетација);
– општина Студеничани, село Осинчани (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
– општина Гази Баба, село Идризово (ниска вегетација, ѓубре и нискостеблеста шума);
– општина Сарај, село Рашче (отпадоци) и кај езеро Треска (отпадоци);
– општина Могила, село Беранци (ниска вегетација и стрниште) и село Чарлија (ниска вегетација);
– општина Тетово, село Ѓермо (депонија);
– општина Теарце, село Глоџи (депонија);
– општина Прилеп, село Ерековци (ниска вегетација и стрниште) и кај кај фабриката „Донија“ (ниска вегетација)
– општина Охрид, село Буково (депонија);
– општина Дебарца, село Песочани (ниска вегетација);
– општина Струга, село Ново Село (ниска вегетација и стрниште) и кај селото Белица (ниска вегетација)
– општина Струмица, село Свидовица (ниска вегетација);
– општина Желино, село Добарце (депонија) и во
– општина Куманово, село Долно Којнаре (каде што горела ниска вегетација и отпадоци).
Инаку, регионалниот ЦУК „Битола“ извести дека при пожарот во атарот селото Беранци, општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, пругата била оштетена на повеќе места. Информацијата е добиена од ТППЕ „Битола“ и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија – транспорт АД – Скопје“. По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17.42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа.
ЦУК примил известување „ЖРС Македонија транспорт“ АД Скопје дека другиот железнички, патнички и товарен сообраќај се одвива нормално.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Безбедно пронајдени и евакуирани граѓани од височините на Осоговските планини
Денеска, во 16.15 часот од лицето за контакт од Доброволнота спасувачка служба „Осогово“ Кочани, ЦУК добил известување дека неколку лица враќајќи се од настан на „Царев Врв“ на Осоговски планини имале дефект на возилото и истите побарале помош.
Даден бил совет лицата да се јават на бројот 112 за да се утврди нивната локација.
Откако се лоцирани, лицата биле пронајдени во добра состојба и истите со возило на ДСПС „Осогово“ се вратени во викенд населба ,,Пониква”.
Нивното возило заради дефект е оставено на местото каде се најдени и дополнително ќе го отстранат сопствениците, информираат од ЦУК.
Македонија
Сиљановска Давкова со италијанскиот претседател Матарела: побарани гаранции за европските интеграции
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Италијанската Република денеска оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела.
На средбата, претседателката изрази задоволство што нејзината прва посета на земја членка на ЕУ и НАТО е во Италија, што претставува потврда за пријателските односи меѓу двете земји и истакна дека ќе се залага за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупните билатерални односи на македонската со Италијанската Република.
Двајцата соговорници разменија мислења за предизвиците на македонскиот евроинтегративен процес при што претседателката упати благодарност за досегашната италијанска поддршка на политиката на проширување на Европската Унија, како и за позитивниот однос при надминување на меѓусоседските спорови при приемот на нови членки во Унијата. Со цел одржување на кредибилноста на процесот на проширување, почитување на меѓународното право и универзалните демократски вредности, Сиљановска Давкова изрази надеж дека Италијанската Република и во иднина ќе го поддржува мериторниот процес на исполнување на Копенхагенските критериуми во однос на евроинтеграциите. Воедно, таа изрази подготвеност за соработка со цел доследна реализација на сите неопходни реформи во клучните области кои беа нотирани од страна на Европската Комисија.
Како НАТО сојузници, на средбата беше потврдена подготвеноста за продолжување на одбранбената соработка и меѓусебна поддршка во однос на надминување на актуелните безбедносни предизвици на европскиот континент. Во таа насока, беа разменети мислења околу политичките состојби и отворените прашања на Западниот Балкан, коишто се од интерес за безбедноста и стабилноста на поширокиот регион.
Посочувајќи дека Италија е наш значаен трговски партнер, Сиљановска Давкова искажа интерес за засилување на постоечките и изнаоѓање на нови можности за продлабочување на економските односи и проширување на соработката во областа на туризмот, политиките за млади и спорт, како и на креативната индустрија.
Во изјава за медиумите таа ја оцени средбата како плодна и конструктивна, на која претседателот Матарела ја потврдил заложбата на Италија да го поддржува регионот и да нè поддржува нас во секој поглед, не само во евроинтеграциите туку и во економијата, образованието, културата, одбраната, како и италијанското и нашето членство во меѓународни организации.
„Јас побарав од италијанскиот претседател и од Италија, на нашиот натамошен пат да помогнат околу давање гаранции, гаранции за нашата европска политичка иднина, на што тој одговори дека е спремен да застане зад нас, се разбира во барањето на решенијата со соседите, рече Сиљановска Давкова, нагласувајќи дека италијанскиот претседател изразил длабоко разбирање за направените жртви во процесот на евроинтеграциите.
„Постигнавме согласност или се согласивме дека европските стандарди треба да се почитуваат од сите и од оние надвор, како нас, но и од оние внатре“, истакна претседателката со италијанскиот претседател Матарела.
Претседателката Сиљановска Давкова престојува и ја предводи државно-црковната делегација во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.
Сервисни информации
АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолги задржувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.