Македонија
Четврто прскање против ларви од комарци
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во среда , ќе се реализира четвртата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци, односно:
– Авионската дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во раните утрински часови;
– Терестричната дезинсекција (четврта фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 09.08.2023 (среда), во текот на денот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
„Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, дополнуваат од град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Братот на убиениот пејач на Пластичарска: Амар ќе биде погребан денеска
Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото семејство.
Македонија
Извршен увид по пукањето на Пластичарска улица во Скопје
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.
Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.
Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 23 санкции, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за некористење на сигурносен појас, 22 мерки за прекшоци што ги чинат возачи на мотоцикли…“, соопшти МВР
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.