Македонија
Чулев: Холандскиот амбасадор како меур од сапуница го разби имагинарниот проевропски фронт на ДУИ и СДС
Според Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, холандскиот амбасадор дал прецизна слика за владеењето на ДУИ и СДС.
„Или овие двајца коментираат друга меѓународна средба на која бил Ахмети или, пак, Османи и Груби се принудени да даваат коментар во градење позитивна перцепција на таа средба“, истакна Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
„Меѓутоа, јас би потенцирал она што е најбитно дека холандскиот амбасадор и другите претставници на дипломатски конзуларни претставништа во Македонија во континуитет даваат хируршки прецизна и објективна слика за владеењето на ДУИ и СДС и на тој начин како меур од сапуница го разбиваат имагинарниот проевропски фронт на владејачката коалиција. Тоа е дека овие две партии практично не се залагаат за проевропски вредности и перспектива на државата, туку дека се за класична криминална организирана банда, која е метастазирана во сите сфери на општеството“, заклучи Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

