Македонија
Ѓорчев: новата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати надежта и ќе се избори за Македонија за сите
Членот на Извршниот комитет, Владимир Ѓорчев со неговиот тим во рамки на акција „Ова е Македонија за сите“ на населените места Петрово, Миравци, Давидово, Милетково, Смоквица и Прдејци каде што од човек на човек, од куќа до куќа остварија средби со жителите.
Ѓорчев посочи дека народот е револтиран од актуелната власт и бара промени, нова власт која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, за да се врати надежта помеѓу македонските граѓани.
„Атмосферата е добра и убеден сум дека на наредните избори атмосферата ќе биде и победничка, затоа што луѓето и народот низ цела Македонија е револтиран од политиките на СДСМ, на Ковачевски, на Стево Пендаровски, на Али Ахмети, на Артан Груби и целата нивна заедничка влада. ВМРО-ДПМНЕ доаѓа, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и во наредните шест недели ќе одиме во повеќе од 200 населени места да ја вратиме надежта во Македонија, да се бориме за Македонија“, истакна Ѓорчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Украс во Владата ќе биде и портрет од Талат Џафери, техничкиот премиер во заминување
Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук објави дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада, која следниот викенд се очекува да биде сменета со новата влада предводена од Христјан Мицкоски.
Портретот на Џафери го насликал уметникот Едмонд Драми.
„Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во уметничкото патешествие!“, напиша Џафери на Фејсбук.
Македонија
Сончево и топло со температури до 35 степени
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во првите два дена од следната седмица во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура
Македонија
Без вода дел од општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека во недела, на ден 16.06.2024 година, поради дефект на огрлица од ф – 80 мм на ул. Љубица Георгиева бр.3, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од ул. Љубица Георгиева. ( општина Карпош )
-поради три улични дефекти од ф – 80 мм ул. Девол – крак 2 и Девол – крак 11, како и ул. 1010 б.б, во периодот од 10.00 часот па се до отстранување на дефектите без вода ќе останат корисниците од ул. Девол, Девол – краци – 2 и 11, ул. 1010, како и дел од корисниците одул. Жданец. ( општина Карпош )